„ФЕНИ“ Е ПОГОЛЕМ СКАНДАЛ ОД „СКОПЈЕ 2014“: Слаѓана Тасева со нови обвинувања за вицепремиерот Кочо Анѓушев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Слаѓана Тасева, претседателка на Трнспаренси Интернешенел, најавувајќи ја денешната прес конференција за Фени, напиша:

,,Незаконитост, дрскост и арогантно однесување на вклучените во телата на стечајот, страв кај доверителите, злоупотреба на сиромаштијата на вработените…Ова е поголемо од Скопје 2014. Институциите се заробени, потребен е отпор. Силна јавна реакција. Гледам дека медиумите имаат реклами поради кои не се слободни, но утре ќе биде доцна“ -предупредува Тасева.

Тасева неодамна се пожали дека заради Фени добила директни закани од вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Таа претходно објави дека мониторингот за стечајната постапка на Фени покажал бројни неправилности.

Истражувањето покажало дека непозната компанија добила тендер за обработка на никел, но не е познато кој го потпишал договорот во нивно име. Транспаренси ги обвинува стечајниот управник и стечајниот судија за корупција, поради што е покрената и тужба против нив, објави тогаш Тасева. Истрагата е покрената по претставка од фирмата “Cunico Resources” , кои тврдат дека Анѓушев вмешал прсти во нелегален бизнис на компанијата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This