ФИРМА НА ЗАЕВ ЌЕ ГРАДИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ: Фирмата која го градеше „Глобал“ ќе гради во Аеродром!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фирма блиска до Зоран Заев, СИМ Инжинеринг ДОО Струмица, која според наши информации е во сопственост на таткото и синот Симеон и Горан Крстеви од Струмица, кои учествуваа во градбата на „Глобал“ во Струмица ќе градат зграда во скопски Аеродром, објавува порталот Журнал.нет.
dogovor640

СДСМ и порталите под палката на Сорос сакаат да го злоупотребат градежниот бум во Аеродром за да покажат наводна поврзаност на одредени градежници со власта, а притоа забораваат да и кажат на јавноста дека и најблиските бизнис партнери на Заев учествуваат во изгадбата на нови згради во Аеродром.

Имено во општина Аеродром може да купи земјиште и да гради секоја фирма која ги исполнува условите за тоа. Независно дали одредени медиуми за нивните газди пишуваат дека се блиски до одредена партија. Ноторен пример за тоа е и овој документ до кој дојде нашата редакција, а на кој јасно се гледа дека во општина Аеродром станбена зграда на површина од 1577 м2 ќе гради и фирма на Горан Крстев, бизнис ортак на Вице Заев, братот на Зоран Заев и еден од изведувачите на градбата во „Глобал“, пишува Журнал.

Од документот кој го објави порталот јасно се гледа дека во изградба на новиот станбен објект учествува и фирмата СИМ ИНЖИНЕРИНГ ДОО Струмица, каде што сопственици се таткото и синот Симеон и Горан Крстеви.

За појаснување, покрај во СИМ ИНЖИНЕРИНГ ДОО Струмица, која е предмет на овој договор за градба во општина Аеродром, Горан Крстев се јавува и како косопственик во фирмата Сара Јавор Инжинеринг, каде што е содружник со Вице Заев. Имено Горан и Симеон Крстеви можеме да ги сретнеме и како сопственици во повеќе фирми како : Јавор Транс ДООЕЛ Струмица, Де Лукс Инжинеринг, Јавор Шпед и други.

Медиумите уште во јануари, 2014 година пишуваа дека Зоран Заев ја претворил фирмата Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица во главниот набавувач на гориво, екстра лесно масло за греење и други стоки за потребите на Општина Струмица и институциите под нејзина надлежнност. Зоран Заев на Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица му овозможил да добие 11 јавни набавки во изминативе години со вкупна вредност од 101,354.456 денари (околу 1,648 милиони евра). Од нив 83.322.641 денари фирмата Јавор Шпед ги добила од јавни набавки склучени директно со Општина Струмица, а 18.031.815 денари ги добила од јавни набавки склучени со ЈПКД Комуналец. Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица е во сопственост на Горан Крстев, човек кој што е капитално поврзан со семејството Заеви.

Фактот што во една општина или за државата градат и фирми кои се од спротивната политичка странна на политичката фигура што го води конкретниот субјект е доволен показател декаа таа институција, општина, држава е демократска и ги почитува правилата на слободниот пазар, според кој тендер може да добие секоја фирма која ги исполнува исловите на пазарот, без разлика дали истата е на човек близок до власта или опозицијата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This