ХАОС НА ТВ НОВА: Оливер Андонов го прегази Оливер Спасовски –

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во законот за Влада, јасно стои дека дополнителниот заменик министер рамноправно учествува во работата на Министерството за внатрешни работи, изјави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов каде се соочи со техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, во „Аргументи“ на ТВ Нова.
oliver-a-640x278

„Согласно вашата теза дека секој јавен настап мора да го потврдам со ваше одобрување, навистина ме радува што сме заедно на ТВ дуел. Вие се обидовте да воведете цензура за мојата работа, но јас сум избран од Собранието и согласно со тоа одговарам пред Собранието и премиерот, а за мене не важат оние процедури што сакате вие да ги наметнете“, обвини Андонов.

Тој додаде дека Министерството за внатрешни работи како и целата привремена влада се наоѓа во специфична позиција.

„Со министерството согласно законот за Влада, заемно и рамноправно работат и раководат и давјцата во спроведување на работата на министерството. Реалноста е дека јас како дополнителен заменик министер, согласно законот учествувам во работата подеднакво со вас“, додаде Андонов.

Денешното телевизиско соочување на техничкиот министер Спасов и дополнителниот заменик министер на МВР Оливер Андонов на ТВ Нова е првото во македонскиот етер откако двајцата стапија на своите функции.

„Не ја спроведувате законската процедура и ја прекршивте со потпишувањето на систематизацијата, како и решенијата на началниците на одделите што ги сменивте“, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов, во телевизискиот дуел со Оливер Спасовски, во „Аргументи“ на ТВ Нова.

„Вие им се заканувате на вработените со покренување на дисциплински постапки. Им наредувате на вашите поставени началници противзаконски да не го дочекуваат дополнителниот заменик министер кога е во официјална посета. Побарав службена белешка, да ми биде одговорено зошто кога сум во функција, не сум дочекан според процедурите. Вратата за Оливер Андонов беше отворена се додека вам ви одговараше така да биде. Андонов од самиот старт беше со чист и јасен став. Не направив промена на овластувањата од прв ден без присуство на претходниот министер. Андонов ви кажа дека нема да потпише противзаконски акт. Вие ја манипулирате македонската јавност. Барам доследно почитување на обврските“, истакна Андонов.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This