Повеќе од 1.6 милијарди евра долг за нешто повеќе од половина година, економски хаос, финансиска нестабилност и нулта економски раст е резултатот на новата влада предводена од СДСМ
Сиромаштијата од ден на ден расте, во аптеките нема лекови, болниците се оставени без основни материјали за работа, а Владата на Зоран Заев упорно ги задолжува граѓаните од ден во ден. И покрај ваквата слика, владината екипа максимално ја апсорбира власта, па наместо решенија за проблемите, решение наоѓаат во веселби и блех музика.
Ваквата ситуација ја коментираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Сега е јасно зошто го одолговлекуваа пуштањето во употреба на автопатот. Не знаат ниту прослава да организираат, а не пак нешто да изградат, но кога треба да се задолжи, тука се беспрекорни. Денес ново задолжување на Владата од 20 милиони евра!“ – напиша шефот на опозицијата на својот ФБ профил.