Честитка од Мицкоски по повод почетокот на рамазанските пости

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка до реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, членови на Ријасетот и сите граѓани на Република Македонија од исламска вероисповест.

– Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам почетокот на Рамазанските пости. Овие денови се денови на сплотеност, семејна хармонија и добродетелство кон блиските, роднините, пријателите и соседите. Рамазан е најсветлиот месец во исламот, месец каде се покажува великодушноста спрема сиромавите со надеж за милост и бериќет. Богоугодноста, секое хумано дело и заедничко разбирање се придонес кон подобро општество и унапредување на нашето најголемо богатство, соживотот и толеранцијата. Македонија е земја на етнички, културни и верски различности и затоа взаемната почит е суштинска за нашиот напредок на секое поле. Ви посакувам светиот месец Рамазан да Ви помине во лесен пост со радосни празнични денови. Нека радоста, милоста и добродетелството Ве следат во текот на целиот пост, целата година и за целиот Ваш живот, посакува Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This