Saturday, 18/11/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

ЧЕТИРИ НАЈСТРАШНИ РУСКИ ВОЕНИ ПРОНАЈДОЦИ: Кога имате ракета чие име е „Сатана“ тогаш какво е другото оружје?

User Rating

Некои од овие топови и бомби никогаш не биле користени во борба. Да се надеваме дека никогаш нема ни да бидат – пишува РускаРеч на Македонски

1. Таткото на сите бомби
Во април 2017 година САД ја фрлија врз борците на „Исламска држава“ (ИД) во Авганистан „Мајката на сите бомби“ – нивната најмоќна авиобомба GBU-43 / B – тешко воздушно оружје со голема експлозивна сила (Massive Ordnance Air Blast Bomb – MOAB).

loading...

Како резултат на нападот беа уништени најмалку 36 борци, складишта за оружје, воена опрема и неколку подземни тунели.

Русија има сличен комплекс кој е значително помоќен. Иако со помалата маса на експлозивот, руската волуменско-детонирачка авијациска муниција (ОДАБ) ја надминува MOAB на САД за четири пати и е речиси 40 тони во тротилов еквивалент. Освен тоа радиусот на загарантирано уништување на рускиот „Татко“, како што со право ја нарекоа руската бомба, го надминува оној на „Мајката“ за двапати.
Дизајнот на ОДАБ е многу оригинален. Во предниот дел на бомбата е ставен електромеханички уред наменет за борбена подготовка и прскање на експлозивот. Уредот е фрлен, и по извесно време започнуваат да се распрснуваат хемикалиите. Аеросолта се претвора во мешавина од гас и воздух, која потоа се пали со вентилатор.

ОДАБ создава ударен бран со притисок од околу 3000 кПа (30 кгс / см), така што во епицентарот на експлозијата се образува вакуумска средина, целосно лишена од воздух. Оваа ненадејна промена на притисокот буквално ја крши внатрешноста на сè што се наоѓа во областа, вклучувајќи ги и зградите.

2. 7.000 килотони во еден удар


Р-36M2 “Воевода”. / mil.ru

Интерконтиненталната балистичка ракета РС-20В „Воевода“ (според класификацијата на НАТО – SS-18 Mod.3 Satan) е најголемата и најстрашната стратешка ракета која некогаш е направена.

Тежи околу 210 тони и доведува до целта 10 нуклеарни боеви глави од по 750 килотони. Експлозијата на сатаната може да избрише град со големина на Москва или на Њујорк.

Патем, „Сатаната“ е стара и во Москва е создаден нејзин заменик – нова интерконтинентална ракета „Сармат“, која по истекот на Договорот помеѓу Руската Федерација и САД за мерките за натамошно намалување и ограничување на стратешкото оружје (СНВ-3) во 2021 година, таа ќе треба да стапи на должност.

„Сармат“ ќе биде двојно полесна. Таа нема да има 10, ами 17 одделни самонасочувачки боеви глави со моќност од 300 килотони секоја. Тие нема да бидат обични блокови кои летаат по параболата кон целта, ами хиперсоничните маневрирачки ракети.

3. „Терминатор“


БМПТ „Терминатор-2“. Извор: Владислав Белогруд, ТАСС.

Ова оружје има два 30-милиметарски топа, насочувачки противракетни проектили и митралез. Погонот, оклопот и шасијата се преземени од тенкот Т-72.

На крајот на јуни 2017 година во Сирија започна поставувањето на „жетварите на смртта“ – руската борбена машина за поддршка на тенкови (БМПТ) „Терминатор-2“.

„Терминатор“ може да се движи по непристапен терен со 60 км / ч. Може да минува ровови, а исто така и ѕидови, дебели еден и пол метар. Неговите насочувачки ракети лесно можат да уништат тенк растојание до 5 километри или заштитено утврдување на непријателот. Може да влезе во битка со хеликоптери или, пак, со помош на топовите и митралезите да се заштити од секаква жива сила на противникот во опсег од 3 километри.

Покрај 30-милиметарските топови со муниција од 850 гранати, на „Терминатор“ се подигнати 4 лансирни летала на податливи противтенковски ракети „Штурм-С“ со кумулативни или термобарични боеви глави, а исто така и со најновиот митралез „Корд“ со борбен комплет од 2 илјади касети.

4. Огнена бура


системот ТОС-1 „Буратино“. Извор: Александар Вилф / РИА Новости

Уште еден претставник од гасеничното семејство на тенковите-убијци е системот ТОС-1 „Буратино“. На руски значи Пинокио. Исто како и јунакот, системот може да го протне носот во секоја дупка.

Возилото е направено врз основа на T-72. Но, наместо купола, има пакет од 30 насочувачки цевки со калибар од 220 мм. Од нив на противникот само за неколку секунди може да се истури огнен ураган – ракетите со термобарична мешавина ги уништуваат засолништата, техниката и живата сила со оган, ударен бран и шрапнели.

Сепак, вистинскиот пекол започнува потоа. Термобаричниот полнеж содржан во секој проектил, создава гасовит облак кој се дува, создавајќи дополнителен притисок и температура од околу 3 илјади степени, согорувајќи го во околината целиот кислород и при тоа драстично го намалува притисокот до пониски вредности .

Лесно може да се замисли што би им се случи со несреќниците кои ќе налетаат на овој облак. Неколку километри нема да има ништо живо, нема опрема, нема згради.

Извор
РускаРеч на Македонски

loading...

2 Comments

  1. Патлак

    Само брат Путин е лекот за америве

  2. Trpe

    Amerikancite se najzainteresirani kakvo oruzje ima Rusija i ako sakaat da doznaat neka ja napadnat pa ke vidat so kakvo oruzje raspolaga samo steta e sto i drugi zemji ke stradaat osobeno onie koi vekje imaat Amerikanski trupi na svojata teritorja za da gi “branat od Rusite tie prvi ke gorat!

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

November 2017
M T W T F S S
« Oct    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930