March 28, 2024, 11:22 pm

ШИЛЕГОВ СО ГОВОР НА ОМРАЗА: Политичките противници за него биле фашисти, а проектите на Трајановски си ги препишува себеси!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На својот прв говор градоначалникот Петре Шилегов почна со делби и своите политички противници ги нарече фашисти, а себе си се прогласи за антифашист.

-Ние мораме да се погрижиме фашизмот никогаш повеќе да не завладее во нашиот град, истакна Шилегов, прогласувајќи го претходното владеење со градот Скопје за фашистичкиот период во кој се изградија нови булевари, канализации, паркови, водоводи, и многу нови проекти.

Потоа Шилегов за чистиот воздух кој беше и главен проект на неговата кампања не понуди решение, но затоа не пропушти да каже дека ќе се ревидирал проектот Скопје 2014 и дека ќе рушеле споменици.

-Денес сме исправени пред слични предизвици и ни претстои процес во кој мораме одлучно да пристапиме кон решавањето на проблемите наследени со таканаречениот проект „Скопје 2014”, рече Шилегов.

Шилегов не пропушти да се пофали и со проект на Коце Трајановски, па така тој ја спомена партизанската работилна за која градот Скопје и Трајановски издвои средства, испланира, изработи проект и започна со реконструкција. Тој, овој проект започнат на почетокот на годината, си го присвои згора на тоа го осуди Трајановски за негрижа.

Нивниот спомен музеј на илегалната партизанска работилница за оружје веќе неколку години е затворен, како што рече, поради негрижа.

– Наскоро овој музеј повторно ќе биде отворен, а јас како градоначалник ќе се погрижам да биде повидлив и попосетен од нашите сограѓани, рече Шилегов.

Доколку се разгледа при советот за јавни набавки ќе се види дека на почетокот на оваа година во февруари е објавен тендер, во време кога со градот управуваше Трајановски, претходно е изработен темелен проект за реконструкција. Потпишан е договор со фирмата Урбан ОИнвест на 27 март во вредност од 1.6 милиони денари и на истиот интензивно се работи. Овој музеј се наоѓал меѓу хотелот „Стоун бриџ“ и Комерцијална банка во центарот на Скопје

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This