Sunday, 22/10/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

ШПАНСКАТА КРИЗА СЕ ИНТЕНЗИВИРА: Мадрид со ултиматум до Барселона, потоа започнува спроведување на екстремни мерки!

User Rating

Шпанскиот премиер Мариајно Рахој во обраќањето до јавноста по повод вчерашното прогласување на независност на Каталонија, соопштил дека Шпанија ќе го примени Членот 155 од уставот, кој ја овластува Владата да ги преземе сите потребни мерки за да се зачува интегритетот на државата.

Членот 155 е најекстремна мерка која може да ја преземе шпанската влада доколку еден автономен регион прогласи независност.
Тој член предвидува дека на некоја регионална влада, во случај да ги загрози интересите на шпанската држава, може да и се земат сите овластувања – да се префрлат на централната влада во Мадрид.

loading...

Доколку граѓаните на тој регион се побунат поради тоа, владата за одбрана на интегритетот на државата во тој случај има право да примени “институционална сила”.
Тоа во случајот со Каталонија во крајна линија би можело да значи судир кој би можел да прерасне во граѓанска војна.

Во политичките кругови тој член го нарекуваат и “нуклеарна опција”, додека поранешниот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Гарсија го нарекол “атомска бомба”.
Тој навел дека властите во Мадрид веќе го преземале првиот чекор кој подразбира праќање на писмо до Каталонија и нејзиниот лидер Карлес Пуџдемон, со прашање официјално да се изјасни дали прогласиле независност или не.

Како што е соопштено, Пуџдемон има рок од пет дена да одговори на прашањето на шпанската влада, односно до 16. октомври.

Одлуката која денес ја донела шпанската влада се однесува на “безбедноста на шпанскиот народ”, навел Рахој.
“Ако Пуџдемон го почитува законот, ќе стави точна на периодот на нелегалност и несигурност. На тоа се надеваме сите – да се стави крај на моменталната ситуација во Каталонија”, навел Рахој на прес-конференцијата
Рахој се обратил по седницата на шпанската влада.

Како што претходно известува “AFP”, шпанскиот премиер ја разгледува секоја можна опција во текот на разговорите со членовите на владата, откако каталонскиот лидер го одложил прогласувањето на независноста, изјавил извор близок до владата.

Пуџдемон вчера изјавил дека го прифаќа мандатот на народот за отцепување од Шпанија, но од парламентот на Каталонија побарал таа одлука да се суспендира, за да се добие повеќе време за преговори со Мадрид.

“Го преземам мандатот на народот Каталонија да стане независна република”, рекол тој во говорот.

Пуџдемон, меѓутоа, веднаш потоа побарал парламентот “да ги суспендира ефектите на прогласување на независност за да се започне дијалог во наредните недели”.

Тој во говорот додал дека резултатите од референдумот одржан на 1. октомври значат “да” за независност.

loading...

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

October 2017
M T W T F S S
« Sep    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031