ШТО ЗНАЧИ ПОЧИТ КОН ЗАСЛУЖНИТЕ: Обезбедувањето истурка ветеран за време на парадата во Москва, Путин се врати му се извини и го покани во поворката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија вчера ја одбележа 73-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија со големата воена парада што се одржа во центарот на Москва. Парадата беше можност армијата да ги претстави најновите воени иновации, како што се современите модели на оклопни возила и авиони.

Повеќе од 13 000 војници и 159 видови возила, вклучувајќи и 75 авиони, учествуваа на парадата. Русија ја претстави петтата генерација „су-57“, оклопното возило „Терминатор“ и авионите „миг-31“ со хиперсонични проектили „Кинжал“, за кои Путин во март рече дека се непобедливи. За првпат беа претставени и руски дронови, како и роботот за деминирање кој бил користен во Алепо и Палмира.

Во еден момент, додека Путин одеше по Црвениот плоштад придружуван од неговите телохранители, му се приближи ветеран од Втората светска војна, кој сакаше да го поздрави. На обезбедувањето на рускиот претседател не му се допадна тоа, па грубо го оттурнаа ветеранот.

Но, Путин веднаш реагираше, му се приближи на ветеранот, се поздрави и поразговара со него, по што го покани да му се придружи во поворката.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This