ШТО ТОА МОЖЕ ДА ПРЕГОВАРААТ ДВА ПРОТЕКТОРАТИ: „Изненадна“ средба помеѓу Заев и Харадинај и укинување на границата на Македонија кон Косово!

  • November 14, 2017

Првата официјална средба на новиот македонски премиер Заев беше, сосема очекувано, во Брисел. Само 12 дена откако на почетокот на јуни, нелегитимно, беше избран за премиер на Македонија, се упати во претстолнината на ЕУ и НАТО, со што покажа дека, како што и самиот кажа, многу ја цени поддршката која од нив ја добила новата влада

И треба да ја цени. Благодарение на таа нескриена поддршка и седна во премиерската фотелја. Сега треба да ја оправда довербата и да премине од зборови на дела, која во Брисел најрадо ги крстија како реформи. Затоа и не треба да чуди тоа што новата станица на тој реформски пат на Македонија, чедото на Брисел и Вашингтон, е Приштина.

„Премиерот Зоран Заев ќе го посети Косово во декември откако доби повик од премиерот Рамуш Харадинај. Агендата на таа посета треба да биде дефинирана“, стои во краткото соопштение на портпаролот на македонската влада.
Зошто баш Приштина, и што би можело да биде тема на разговор? На тоа прашање на Спутник, уредникот на ТВ „Алфа“ Љупчо Цветановски потсетува на одлуката на македонската влада од пред две-три недели дека ќе имаат заедничка седница со косовската и бугарската влада. Од таа гледна точка, посетата на Приштина е сосема очекувана.

Тој, сепак, укажува на апсурдноста на посетата на Приштина откако само пред неколку дена заврши судењето и се изречени казни главно на Албанци од Косово кои предизвикаа крвав судир во Диво Насеље во Куманово во мај 2015 година. Тогаш убија осум Македонски полицајци, меѓу кои и еден Албанец, и ранија 42 лица. Интересно е дека трошоците за судската постапка за осудените ги плати владата во Приштина.

На тој апсолутен преседан, како што вели Цветковски, македонското Министерство за надворешни работи реагираше млако, со констатација дека не е во ред што косовската влада ги сноси трошоците за судењето . И сега премиерот оди во Приштина.

На прашањето за што би можеле да разговараат Харадинај и Заев, уредникот на ТВ „Алфа“ за Спутник одговара: „За жал, ние сега сме протекторат, и два протекторати не преговараат за ништо, самите не можат ништо“.

„Сега ние, демек, градиме пријателство со сите на Балканот. Минатата влада имаше заедничка седница со српската влада, претходно имавме и со владата на Албанија. Но сега е актуелен триаголникот Косово-Бугарија-Грција. Со Грците го решаваме прашањето за името на државата, со Бугарија градиме добрососедски односи, а не знам за што би преговарале со Косово?“, истакнува Цветановски.

Тој потсетува на „тиранската платформа“ која ги дефинираше отстапките за македонските Албанци, благодарение на чија поддршка и Заев дојде на власт. А Косово е, како што се вели, играч на Еди Рама и Албанија.

Ќе оди ли Заев на испрашување за тоа што досега е сработено од тиранската платформа?

Неодамна, напоменува Цветановски, косовскиот министер за надворешни работи рече дека неговата визија границата да се поминува со лична карта, и дека со тоа практично потполно да се отвор, како тоа да е една територија. Не е спорно што границата ќе се поминува со лична карта, тоа е веќе пракса со некои држави во регионот, но потполно слободно да се минува како да е во прашање една територија, не е нормално, смета тој.

На таа „визија“ вели, властите во Македонија воопшто не реагираа, како што не реагираат на ништо друго.

Но така треба ако мислат во Еу и НАТО. Затоа ќе се промени и името, како што бараат Грците, промената ќе следи во првата половина на 2018. Тогаш ќе биде отворен патот за членство во Северноатлантската алијанса за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ.

Заев како добар ученик, тргна од зборови на дела. Новиот премиер, устоличен на крилјата на Брисел, под диригентска палка на САД, нешто што специјалецот за Балканот Хојт Брајан Ји ниту најмалку не го криеше кога дојде во Скопје за да ја формира владата по американски вкус, има нови приоритети. Односно, Брисел и Вашингтон имаат нови приоритети за Македонија. Затоа Заев ќе оди правец во Приштина, колку и да му црвенее образот од шамари поради тамошното финансирање на оние кои удрија по Македонската држава.

Сето тоа замотано во обладна на реформскиот пат кон евроатлантските интеграции, а под американски чадор, напоменува Цветановски.

А како Македонија стои со реформите? За пет месеци, колку што Заев е премиер, државата, како што вели, се задолжи повеќе од половина милијарда евра. Првата проекција на Светската банка и ММФ беа дека растот на БДП ќе биде 2.9%, па по доаѓањето на новата влада, тоа го корегираа на 1.5%. Народната банка на Македонија сега проценува дека растот на БДП ќе биде едвај 0.5%, вели Цветановски за Сптуник.

Претходно «
Следно »

loading…