ЈА ВИКНА НА КАФЕ, И ДАДЕ РАБОТА, ПАДНАЛА НА ИСПИТ: Заев ја викаше на кафе за да ја вработи, а таа не може испит за државен службеник да положи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс водителката, манекенката и ред други професии инаку дипломиран социолог, Нора Шаќири Марковиќ не успеа да го положи испитот за државни административни службеници, со што ќе се стекнеше со право да се вработи во некоја од државните институции.

Таа гласно се побуни кога Заев го вработи Мухамед Зекири во СДСМ и го стави на платниот список на партијата, по што Заев реагираше и во преписките преку Фејсбук ја покани на кафе за да го решат проблемот и најверојатно да ја удоволат со некоја “платичка”.

По одредени медиуми имаше информации дека по преписката со Заев, Нора Шаќири уште лани експресно беше вработена во Министерствот за Култура во кабинетот Алаѓозовски

Ако е така, зошто Нора Шаќири дури сега го полагала испитот за државни и административни службеници? Можеби и токму затоа за истиот воопшто не се спремала

За да се положи теоретскиот дел потребни се минимум 15 бодови, Нора успеала да направи 13,75. Максимум на испит се 40, од кои 25 за теоретски дел на кој Шаќири паднала и 15 за познавање странски јазик, а тоа не полагала бидејќи паднала на овој првиот, односно теоретскиот дел.

За среќа или несреќа, по вработувањето на Џезаир Шаќири (командант Хоџа),од државната каса нема да се трошат пари за уште еден Шакири, не дека Нора е понекомпетентна од Хоџа, туку едноставно затоа што не успеала да го положи теоретскиот дел од испитот за админстративни службеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This