Saturday, 18/11/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

ЈА ЧЕПКААТ МЕЧКАТА КАДЕ ШТО НЕ ТРЕБА: НАТО бара од државите да ги оспособат патиштата и мостовите за воен судир со Русија

User Rating

На НАТО алијансата потребни и се патишта, мостови и други цивилни инфраструктури во Европа прилагодени на воени потреби…

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг верува дека ревизија на командните структури се неопходни како би се спречила наводна закана од Русија. За таа цел НАТО сака европските патишта да бидат подготвени за брзо распрераспределување на целокупниот воен арсенал на алијансата.

loading...

На НАТО алијансата потребни и се патишта, мостови и други цивилни инфраструктури во Европа прилагодени на воени потреби, кои бараат соработка со националните влади и приватниот сектор, рекол Столтенберг во очи состанокот со министрите за одбрана во Брисел.

Министрите за одбрана од 29 НАТО членките стигнале во Бриел каде ќе започне расправа за ревизија на командните структури на пактот, која предвидува нова команда за заштита на морските граници помеѓу Северна Америка и Европа како и друга команда која ќе го подобри движењето на трупи и опрема во Европа.

– Не се работи за командата. Мораме да се осигураме дека патиштата и мостовите се доволно јаки да ги издржат нашите возила, железничката мрежа да биде опремена за брзо поставување на тенкови и тешка опрема. НАТО има воени барања за цивилната инфраструктура, и мораме да ја унапредиме како би ги задоволила воените потреби – рекол Столтенберг во вторникот на конференција, пренесува “Војс тајмс”.

– Мораме да бидеме во можност да ги преместуваме силите преку Атланскиот океан, од Северна Америка во Европа – рекол Столтенберг.

НАТО паркот има седум команди со 7.000 постојан персонал, додека за време на студената војна имал 33 со 22.000 персонал. Столтенберг рекол дека новите команди се неопходни поради моменталната безбедносна клима.

НАТО исто така се надева дека новите командни структури ќе можат да се вклучат и во сајбер-домет.

Русија се уште не се огласила за промените во пактот. Москва зборуваш за загриженост поради јакнење на присуство на алијансата на своите граници, додека минатиот месец министерот за одбрана Сергеј Шојгу рекол дека Москва ќе преземе мерки да се избори со новонастанатите закани за западотиот дел на земјата.

loading...

3 Comments

  1. kire

    AJDE DA VE VIDIME NA KOPNO MALCE LESNO VI BESE VO IRAK VO LIBIJA I SIRIJA AMA RUSIJA E DRUGO PA KE VIDITE KAKO KESE SPROVEDETE.DRUGO GLEDATE SEGA KOJ I ZOSTO GI PREFRLA ISIS VO EVROPA I SO KAKVI NAMERI ZASTO SAKAAT SEKADE DA ZAPOSEDNAT AKO SE SEKAVATE NA MOITE KAZUVANJA PRED EDNO 2 MESECI KOGA SE AKTUELIZIRASE KRIZATA SO BEGALCITE OD BLISKIOT ISHOD SEGA IZLAGA DEKA 1000 POSTO E TOCNO I VO MILIMETRI PRECIZNO .NO ZIVI BILI PA VIDELI I NA KRAJ KE VIDIME SEGA INTENZIVIRANJE NA DOAGANJE NA IZBEGLICI KOBAJAGI .

  2. Патлак

    Црпнатиов и овој Столтенберг иста Руска-параноја ги фаќа , или пак не е параноја, останува да видиме.

  3. Ag'r

    Pacifiko ke bide po kineska kontrola….evropskite drzavi ke gi fane histerija i del od niv posebno ucenuvanite za clenstvo ke go sabotiraat nato…a ostrovjanite mislat so izlevanjeto od eu ke bidat postedeni

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

November 2017
M T W T F S S
« Oct    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930