ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ И ПРИДОНЕСИТЕ: Министерството за финансии најавува зголемување на придонесите и старосната граница за одење во пензија!

  • August 21, 2017

Главниот советник на Драган Тевдоски во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ откри уште некои мерки кои е можно да бидат преземени од владата на Зоран Заев и СДСМ: зголемување на придонесите и покачување на границата за пензионирање.

ва министерството за финансии, според пишувањето на Јовановиќ, би го направило за да ја покрие дупката во фондот која е главното оправдание на Заев и СДСМ зошто на пензионерите им е укинато линеарното покачување од 5% со кое сите пензионери ќе добиеа по 650 денари. За споредба, со мерките на Заев најсиромашните пензионери добија месечно усогласување на трошоци од мизерни 85 денари.

 

За оправдување на ваквите одлуки на Заев и СДСМ, Јовановиќ ги обвини пензионерите кои ако не ги добивале покачувањата во претходните години, Македонија ќе можела да изгради соларна централа. Притоа, тој ја демантираше министерката Мила Царовска која на прес-конференција немаше доблест да признае дека нема да има покачување на пензиите па популистички се обидуваше да ги излаже.

Јовановиќ призна дека во буџетот не се предвидени и нема во скоро време да бидат предвидени средства за подобрување на стандардот кај пензионерите.

 

Според Јовановиќ, со подигање на придонесите и покачување на границата за пензионирање, ќе се задржеле младите во земјава, како што вели на крајот на својот фејсбук коментар.

Претходно «
Следно »