ЏЕМО ХАСА ЌЕ ГО РУШИТЕ?: Солза Грчева прашува дали ќе биде срушен и споменикот на фашистот Џемо Хаса

  • February 22, 2018

Екс-пратеничката на СДСМ Солза Грчева, на социјалните мрежи побара од актуелната власт да биде принципиелна и на начин каков што го сруши споменикот на Македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, да го сруши и споменикот на Џемо Хаса

Кога сме кај вадење споменици преку ноќ (како што беа ставани), дали сега ќе следува уривање на споменикот на балистот Џемо Хасан? Не за друго, туку од неговиот нож избега во Скопје половина народ од Западна Македонија. Случајно го имаме Дебар Маало, нели? – напиша Грчева на својот ФБ профил.

Џемаил Хасани е роден во 1908 година во гостиварското село Симница. Растел во многудетно и сиромашно семејство. Уште како дете почнал да работи со земјоделие на татковиот имот. Тешката сиромаштија и самиот албански отпор кон српската окупација во Македонија, потпомогната со изборот на Албанија да се приклучи кон фашистичката оска, кај Џемо се јавува желбата за војување.

Во почетокот заминал да војува во јужниот дел на Албанија. За својата ефикасност е прогласен за воен офицер лично од кралот на Албанија, Ахмед Зогу. Во почетокот на 1941 година се враќа во Македонија, каде започнува со неговите ѕверства врз македонското население. Дејствувал во цела Западна Македонија.

Претходно «
Следно »