ЏЕС БЕЈЛИ НА ГОСТИ ВО ВМРО-ДПМНЕ: Американскиот амбасадор на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

  • March 11, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со американскиот сенатор Крис Марфи и амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.

На средбата стана збор за продлабочување на меѓусебното пријателство и надградување со нови форми на соработка во насока на исполнување на стратешките интереси на државата, како и за актуелната општествено политичка ситуација.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека во САД гледа пријателска држава која треба да ги поддржи напорите за членството во НАТО.

Воедно ВМРО-ДПМНЕ се залага и за членство во Европската унија каде се потребни посериозни заложби од страна на владата особено во поглед на спроведување на реформи во судскиот систем, образованието и поголема поддршка на бизнис секторот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека владата треба да се посвети на реформските процеси кои се вистински важни за граѓаните и унапредување на животниот стандард, за сметка на ретроградните процеси, политичкиот терор и отворањето на сензационалистички теми кои не носат добро на државата и ја уназадуваат внесувајќи поделби на граѓанското ткиво.

Во поглед на спорот за името Мицкоски ги повтори позициите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на ова клучно прашање, при што објасни дека потребен е сериозен ангажман од владата наспроти јавните надавања и менувањето на позиции.

Претходно «
Следно »