April 20, 2024, 12:44 pm

АВИОНОТ СЕ ТРЕСЕШЕ КАКО „МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ“: Страшна снимка од кабината на авион кој остана без еден мотор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лет на „Ер Азија“ принудно слетал на аеродромот во Перт, Австралија кратко по полетувањето откако во кабината слушнале силна експлозија и силни вибрации предизвикани од технички проблем со моторот. Оваа бизарна ситуација наречена „машина за перење“ е снимена од патниците на летот

Авионот Ербас А300 летал од Перт до Куала Лупмпур, а полетал некаде околу 7 часот утрината по локално време, а само по еден час лет еден од моторите на левото крило претрпел сериозни проблеми по што започнало тресењето на авионот.

„Капетанот рече дека се надева дека сите ќе кажеме молитва; И јас ќе кажам молитва и да се надеваме дека сите ќе се вратиме дома безбедно“, изјавила патничката Софи Николас, пренесува „ВА Тудеј“.


„Во суштина моторот престана да работи, барем тоа е она што ни го кажаа“, рекол патникот Брент Аткинсон за „Еј-Би-Си Њуз“.

„Беше како да седите на машина за перење алишта. Атмосферата беше тензична, но авионскиот екипаж добро се справи со стиуацијата…по експозијата авионот почна да се тресе, да потскокнува, но на крајот капетанот добро си ја заврши работата“ – заклучува Аткинсон.

Во авионот се превезувале вкупно 359 патници, слетал безбедно на Перт Интернешнл во 10 часот по локално време, само три часа од полетувањето.

A post shared by saya mae (@maesaya) on

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This