АВТОВАЗ ГО ОБЈАВИ НОВИОТ КОНЦЕПТ НА ЛАДА: Модерниот кросовер „Lada XCode“ влегува во фаза на реализација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во јавно достапната база на Федералната служба за интелектуална сопственост се појавија информации за признавање на правото на најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ на индустрискиот дизајн на новиот кросовер на „Лада“.

Судејќи според објавените прикази, се работи за моделот XCode, кој е претставен како концептуално возило на Меѓународниот московски саем на автомобили во 2016 година. Интересно е дека русиот производител на автомобили по тој повод подоцна не пласираше никакви информации. Меѓутоа, деновиве во руските медиуми се појави превод на текст од порталот на кинеската телевизија „Феникс“, објавен на 8 јануари. Во текстот на возилот Lada XCode му се предвидува дека „сега, кога руските марки на автомобили ќе бидат достапни“, ќе има големи шанси да ги истисне од кинескиот пазар популарните европски и јапонски модели.

Возилото, инаку, ниту еднаш не се нарекува концептуален автомобил, туку е создадено, како што се наведува, „со стручните напори на експерти од Италија, Јапонија, Франција и Германија“. Кинезите го фалат Xcode поради неговата сигурноста, но замеруваат што не е подобро опремен, па дури и на производителот му укажуваат за конкретни решенија да се обрати до некој од кинеските гиганти на електронската индустрија. И, без разлика колку парадоксално звучи, авторите ја наведуваат очекуваната цена на сѐ уште непостојното возило од 150000 јуани или 1,5 милиони рубли.

Непосредно по објавувањето на овој текст, поточно на 16 јануари, АвтоВАЗ го регистрираше индустрискиот дизајн Xcode, пишува весникот „Росијскаја газета“, констатирајќи на сеопшто задоволство дека може да се шпекулира за тоа како во Толјати размислуваат за извоз во Кина или се уплашиле од за таа средина веќе традиционалното „клонирање“. И сето тоа, како што е речено, не е исклучено. Меѓутоа, првин мора да се каже дека АвтоВАЗ пријавата за регистрација ја предал во Роспатент уште на 10 март, и второ, дека стручњаците кои „Росијскаја газета“ ги анкетираше не гледаат ништо необично во тоа што рускиот автомобилски гигант се решил да ги заштити правата на својот атрактивен концепт.

Очекувано, како што наведуваат руските новинари, откако од АвтоВАЗ не добија одговор за целта на патентирањето, тие се обратија до експерти.

„ВАЗ ги патентираше сите свои автомобили, како сериските, така и прототиповите. Тоа е вообичаена практика, особено со оглед на тоа дека индустрискиот дизајн во поглед на правната заштита се однесува исклучително на надворешниот изглед и не се обврзува да ги објави техничките страна на проектот (што не се однесува на пронајдоци или корисни модели)“, изјави еден од запрашаните експерти Сергеј Циганов, уредник на веб-сајтот „Руски автомобил“, истакнувајќи дека патентирањето на Lada XCode практично не значи ништо, односно не се зборува за евентуален почеток на производство или продажба.

Така што ни останува да се потсетиме на зборовите на Стив Матин кој моделот со нагласени X линии на сите страни, со изменета предна маска и фарови, го спореди со набилданиот спорташ и го окарактеризира како „агресивна и емоционална машина загледана во иднината“.

RussiaBeyond

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This