April 16, 2024, 12:54 pm

АКТЕРОТ ТЕМЕЛКОВСКИ ЗА ИМЕТО: Да не беше Никола Груевски, Република Македонија ќе се викаше Република Тенџере

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актерот Петар Темелковски во гостување во емисијата на Миленко Неделковски изјави дека реченицата „се држите услишно, а не послушно према надворешните“ го опишува карактерот на Никола Груевски.

Тој вели дека токму заради оваа карактеристика на Никола Груевски, Република Македонија не го промени своето име како што беше побарано туку цврсто застана зад своите ставови.

-Да не беше таква неговата црта на карактерот денеска тврдам и гарантирам со сета своја чест дека оваа земја ќе се викаше Република Тенџере, ФИРОМ или северна е мила мајка. Република Тенџере ќе не натераа да ја викаме и тоа без капак, оти ако има капак има димензија, ќе го ливелираш ќе го подотвориш ќе го подзатвориш ќе курдисаш некоја манџа. Ама без капак како ќе излезе така ќе го јадеш, кажува актерот Темелковски.

Тој потенцира дека токму таа црта во карактерот на Никола Груевски кој може да сослуша и доколку е за добро на Македонија може да го прифати, а доколку не е добро ќе го сослуша но нема послушно веднаш да го прифати е причината заради која сеуште сме Република Македонија, а не ФИРОМ, северна или пак Република Тенџере.

 

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This