- Advertisement -

Попладнево се случи и дефилето на маски и одново стотици маскирани вевчанци продефилираа пред публиката.

Преку голем број маски изработени до совршенство, вевчанци ги исмеаа актуелните политички случувања и новата власт во државта.

Со натписи “Македонците не се терористи”, “Каква Влада таков василичар”…., маскираните потсетија на апсењето на пратеникот од оваа општина Крсто Муковски, а присуството на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, според информациите било исвиркано, објави порталот Маркукуле.

Преку маските вевчанци го бркаат злото и го слават светецот Василиј.