АЛБАНИЈА ЗАПОЧНА СО ОБНОВА НА ЦРКВИТЕ: Во Албанија започна обнова и реставрација на православните цркви!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Албанија и Албанската православна црвка почнаа да обновуваат поединечни објекти од византискиот период на југот на земјата, пренесува Ројтерс

Истовремено, експертите споменуваат дека голем број на стари албански православни црвки и уметнички дела во нив се руинирани, бидејќи тие објекти со децении се запуштени. Голем број на цркви се наоѓаат на живописни локации, а состојбата во која се наоѓаат ја отсликува политичката ситуација во Албанија за време на средниот век, наведува британската новинска агенција.

Црквата на свети Анастасиј од поствизатнискиот период во Лешница е пример на една таква црква во која се започнати работи на обнова на фреските и крововите, додека јужниот дел на црквата е паднат.

Црквата во Лешница е украсена со фигури на светци со златни ореоли и библиски сцени во темно сина и црвена боја. Се верува дека црквата е изградена во 1797. година, но на основа на фреските се претпоставува дека е и постара.

Јорго Шека за Ројтерс изјавува дека се грижел за црквата во периодот кога во Албанија, како што наведува британската новинска агенција, тврдокорниот сталинист Енвер Хоџа, но од тогаш е занемарена.

Повеќе од 60% ОД Албанците се од муслиманска вероисповест, останатите се главно христијани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This