April 23, 2024, 10:59 am

АЛБАНСКИ ВОЈНИЦИ ВО ГРЧКАТА АРМИЈА ДОБИЈА ЗАТВОР: Војниците кои правеа „двоглав орел“ во грчка униформа во затвор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седуммина грчки воени регрути од албанска националност, кои се фотографираа како со рацете прават двоглав орел, добија казна затвор во траење од по 60 дена, јави тиранската телевизија Топ чанел.

vojnici-orel

Истиот извор наведува дека по 50 дена затвор тие добиле од началникот на Генералштабот на грчката Армија, додека другите десет дена им ги изрекол министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, што претставува максимална дисциплинска казна во грчките Вооружени сили.

Како што јуави дописникот на МИА, казната доаѓа во време кога Военото обвинителство во Јанина ја продолжува истрагата околу ова прашање кое предизвика лавина рекации во Грција.

Седуммината регрути кои се фотографирани за време на воена вежба во базата во Месолоѓи, се товарат за кршење на правилата во армијата, за што е предвидена казна до пет години затвор.

Фотографијата, според албанските медиуми, тие ја направиле за време на одмор за да ја потврдат нивната национална припадност и оти нема никва позадина за некаква Голема Албанија, како што тврдат медиумите во Грција.

Генералштабот на грчката Армија потврди дека војниците, кои се со албанско потекло, но имаат и грчко државјанство, требало да положат заклетва на 2 февруари.

Инаку, деновиве албанските медиуми пренесоа дека од вкупно 86 илјади војници во Армијата на Грција, дури околу 12 илјади се од албанска националност.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This