April 18, 2024, 10:57 pm

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И БЕСА ГО ОБВИНИЈА СПАСОВСКИ: Министерот за внатрешни работи ургирал кај советниците да променат страна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советниците од коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето Беса обвинуваат дека го изгубиле мнозинството во Советот на Општина Гостивар затоа што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ургирал советници да ја променат страната. Со тоа градоначалникот, Арбен Таравари, не би ја имал поддршката од Советот, затоа што мнозинството би било предводено од советниците на ДУИ – пренесува Фокус.мк

 

„Чувствуваме морална обврска да ве информираме дека до вчера имавме обезбедено мнозинство од над 16 советници за конституирање на Советот на Општина Гостивар, па затоа за денес инициравме одржување на конститутивна седница. Но, вчера во доцните часови, во Гостивар престојувал министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, и злоупотребувајќи ја неговата функција, успеал преку закани и уцени да ги натера општинските советници од помалите партии да преминат на страната на губитниците на изборите“, велат од двете партии.

Од тие прачини, додаваат, ја напуштиле седницата.

„Ние советниците од редовите на Алијансата за Албанците и Движењето Беса, оценивме дека е неразумно да бидеме дел од крајно манипулираната конститутивна седница, па затоа ја напуштивме истата“, информираат од БЕСА и од партијата на Зијадин Села.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This