АМЕРИКАНСКАТА КУЈНА СЕРВИРАШЕ ФРАНКЕНШТАЈН: „Решението“ за спорот со името, закана за опстанокот на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предложеното име за Македонија, ГорнаМакедонија, во лингвистичка смисла не е вообичаено, но е прифатливо, меѓутоа, во политичка смисла претставува заебанција. Македонија е доведена во таква стиауција за ни по едно проблематично прашање да нема лесно решение

Кога во март 1994. искусниот американски дипломат Метју НИмиц ја прифати работата за посредник во грчко-македонскиот спор во врска со името на државата Македонија, веројатно не претпоставувал дека тој спор ќе трае до сега.

Компромисното решение постигнато на 13. септември 1995. година, дека службеното име Македонија ќе биде Бивша Југословенска Република Македонија (БЈРМ) тогаш изгледаше прифатливо за сите. Меѓутоа, македонското прашање во меѓувреме се комплицираше и наиде на бенигно прашање за името на кое право полагаат и Македонците и Грците.

И така Метју Нимиц повторно се најде во жижата како посредник помеѓу Атина и Скопје. Патува помеѓу двете балкански претстолнини во обид да го пронајде решението прифатливо за двете страни.

Засега, предлогот гласи ГорнаМакедонија. Со тоа име, кое на обичниот набљудувач може да му се чини како печатна или граматичка грешка, Нимиц прво отиде во Атина, каде, како што пренесуваат медиуимте, неговиот предлог наиде на голем отпор, особено кај опозицијата.

На Нимиц останува да разговара со македонските политичари, меѓутоа, како што наведува грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас, неговата Влад е спремна овој предлог за решение за спорот, во кој ќе бараат промена на Уставот во два члена и неговата преамбула како долгорочна гаранција за оттргнување на сите спорови, па и иредентизмот.

Во Давос, македонскиот и грчкиот премиер Алексис Ципрас и Зоран Заев се договорија Македонија да го повлече првиот чекор кон нормализација на односите – да отстапи од псеудоисторијата, според која денешните Македонци се потомци на античките Македонци, како што велат тие.

Нимиц, во оптимистичко-империјален манир порачува дека дошло време да се донесе одлука, дека во прашање се недела на разговори, како и дека треба да се искористи постоечкиот залет.

Предложениот поим ГорнаМакеоднија може да се смета за идиолект, посебен начин на пишување, објаснува професорот на Филолошкиот факултет во Белград Мило Ломпар. Тој вели дека тој начин не е вообичаен, ниту стандардизиран. Меѓутоа, објаснува тој, како и секоја конвенција, а јазикот подразбира конвенција, овој поим може да се прифати.

„Не гледам што се добива со тоа, но сега тоа е друго прашање за учесниците на тој процес. Јасно е, дека проблемите во Македонија се поврзани за паралелизмот на албанското, односно бугарското влијание во исто време за проблематиката врзана за НАТО и влијанието на САД кои се обидуваат, на некој начин, тие различни правци на движење да ги подведат под капата на НАТО. Така овој предлог во лингвистичка смисла е можен, но не вообичаен. Може да се третира како една јазична посебност и, можеби, ќе претставува лист од смоква која Владата во Атина ќе и обезбеди да излезе во пресрет на барањата на западните сили проблемот во Македонија да се воспостави така, а во исто време дава простор за продор на американското влијание“, вели Ломпар.

Бидејќи Владата во Скопје за малку што се прашува, клучниот играч, според Ломпар, е владата во Атина.

Политичкиот аспект на „франкештајнот“ на Нимиц со предлогот за новото име на македонската држава, историчарот Александар Раковиќ го коментира како комичен. За Македониците истиот може да биде трагикомичен и не можа да биде усвоен, вели Раковиќ.

„Тоа е некоја кованица која е насилно скована, а која, притоа, не треба да се преведува на странски јазик. Замислете како тоа би се читало на англиски? Сите предлози кои доаѓаат се се поглупави и поглупави. Ќе се пушти во јавност еден предлог, па ќе се пушти друг, па се опипува јавноста…Не можам да разбера дека грчката страна, Ципрас конкретно, прифатила такво нешто. Тоа е како да е предложено на Македонците за да го одбијат, или, бидејќи Заев е особа со слаби капацитети, да се обидат некако да го протуркаат овој предлог“, вели Раковиќ.

Ако предлогот за името помине, тоа е, според Раковиќ, крај на Македонија како држава.

Конзервативните Грци не прифаќаат ниту еден предлог за името кој во себе содржи термин „Македонија“, вели Раковиќ, што малцинскиот партнер во владата на Ципрас, Панос Каменс и го потврди. За Каменос единствен прифатлив предлог е Централнобалканска Република.

Со обзир на позициите на македонската и грчката страна, Раковиќ не гледа решение во скоро време.

„Македонија се најде во ситуација кога не постои решение за името, не постои решение за државнот суверенитет, бидејќи Албанците го оспоруваат, не постои решение за потполно заокружување на наицоналниот идентитет и историја, бидејќи тоа Бугарија го оспорува, а по чекорот на МПЦ, веќе не постои и лесно црковно решение. Тоа е ситуацијата кога ниту за едно прашање не постои лесно решение. Најдобро е да се почека на некое подобро време. Можеби ќе се роди некоја друга идеја и ќе ги поправи приликите“, смета тој.

Оптимизмот на Метју Нимиц поттикнува од тоа што тој настапува, како што вели Раковиќ, од американската империјална позиција. Америка има интерес да се најде решение за проблемот, со цел Македонија следната година да се најде во НАТО.

Дури и Заев да го прифати предлогот, истиот мора да се усвои во Парламентот на Македонија, а потврда мора да добие и на референдум. Прашање е дали предлогот ГорнаМакедонија ќе ги помине тие две инстанци.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This