АМЕРИКА ВО ПАНИКА: Пристигнуваат 100.000 руски војници, како одговор на „глобалните воени вежби“ на САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската војска се спрема за „глобална“ програма на вежби како припрема за она што го нарекуваат „се посамоуверената Русија“, изјавил високопозициониран американски офицер во Европа

„Оно кон што одиме е глобално интегрирана програма на воени вежби како сите би работеле по исти ноти во комбинирана глобална вежба“, рекол бригадниот генерал на воздухопловството на САД Џон Хили, кој раководи со вежбите на американските сили во Европа.

Хили ркол дека војската на САД мора да биде спремна за се покомплексна закана во сите воени домени – на копно, во море, во вселената и сајбер сферата. Генералот вели дека обуката може да вклучи и вежбање на потенцијални судири, како и во обзир да се земе глобалната природа на воени закани пред кои стои САД.

Целта на Пентагон е да одржи заеднички вежби на сите родови на американската војска, наместо да бидат ограничени на поединечни регии воени гранки. Такви вежби би се одржале дури во 2020 годна.

Хили вели дека Русија е главната причина за неговата загриженост во Европа и изразил загриженост за Западот поради септемвриските вежби „Запад 2017“ во кој ќе учествуваат Русија и Белорусија.

Генералот на војскта на САД ги цитира „експертите“ кои наведуваат дека здружените вежби на руската и белоруската војска би можеле да вклучат 100.000 војници. Тој ја критикуваше Москва поради тоа што е „нетраспарентна“ во своите воени вежби, бидејќи не ги повикале САД и НАТО да ги надгледуваат „воените игри“.

„Тие не се така транспарентни како ние“, рекол Хили, наведувајќи дека руските набљудувачи присуствуваат на американските вежби во Црното море.

Москва и Минск во повеќе наврати тврдеа дека заедничките вежби не претставуваат никаква закана за ниту една држава и дека по својата природа се одбрамбени. Министерот за одбрана на Белорусија Андреј Равков рекол дека тие вежби се многу поскромни од вежбите „Анаконда“ во Полска минатата година.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This