April 20, 2024, 12:49 am

АМЕРИКА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ СВЕТСКИ ПОЛИЦАЕЦ: Доналд Трамп нема намера да троши американски пари на светските проблеми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД веќе нема да биде светски полицаец, ниту пак ќе троши пари за тоа

„Се помалку сакаме да бидеме светски полицаец. Со децении трошевме огромни суми за поддршка на редот во светот и тоа не треба да биде наш приоритет. Ние сакаме да воведеме ред кај нас, имаме намера да ја обновиме нашата земја“, рече Трамп на конференцијата со претседателот на Нигерија Мухамед Бухари.

Претседателот на САД ја смета недопустлива ситуациајта со нуклеарната програма на Иран, но не наведе дали Вашингтон ќе излезе со заеднички сеопфатен план.

Тој додаде дека излегувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран ќе биде позитивен сигнал за Северна Кореја.

Според неговите зборови, состанокот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун може да биде одржан во демилитаризираната зона или во Сингапур.

На прашањето дали самитот навистина ќе биде одржан, Трамп одговори – „Да, мислам дека ќе се одржи“.

Тој повторни дека ќе ги напушти преговорите ако не се одвиваат како што тој сака.

„Ким Џонг Ун засега се однесува отворено. Морам да повторам дека така беше до сега. Меѓутоа, тој зборува дека ќе се реши од нуклеарните објетки, дека нема да врши истражувања, нема да лансира балистички ракети, нема да врши нуклеарни тестирања. Тој тоа го почитува веќе подолго време, повеќе отколку претходно“, рече Трамп пред новинарите.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This