Германската канцеларка Ангела Меркел изјави, и покрај двата изборни неуспеси на нејзината партија, дека не отстапува од политиката на отворени граници кон мигрантите, но и дека е подготвена да разговара за загриженоста кај луѓето.
“Ако луѓето едноставно не ги сакаат барателите на азил кои се муслимани, само затоа што се муслимани, тоа е против принципите на ЦДУ и германските принципи, изјави канцеларката и лидер на ЦДУ.
Меркел потенцира дека и покрај големите негативни ставови на европските народи за мигрантите, дека постојат држави кои повеќе од отворено се однесувале кон нив.
Германската канцеларка ги пофали напорите на Србија, Македонија но и Хрватска за згрижување и пропуштање на мигрантите од воените подрачја.
Таа го истакна и планот за мигрантите кои сакаат да останат во Европа, а не сакаат тоа да биде Германија или некоја слична држава, да се населат во Србија и Македонија , како и напуштените делови на Украина. А Хрватска како земја членка на ЕУ тоа сигурно ќе го одбие.
ИЗВОР: ЈУТАРЊИ.ХР / АЛ ЏЕЗЕИРА / ДНЕВНИ ЖУРНАЛ