АНОНИМНО ПИСМО ОД СКОПСКИ УГОСТИТЕЛ: Власта врши рекет на угостителите преку инспекции, закани и затворање на локалите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До нашата редакција пристигна анонимно писмо од угостител кој во целиот период од доаѓањето на новата власт се под репресија, уцени и обиди за рекет

Секој ден инспекции, закани под маса, па “опомени” и сетоа тоа се трпеше некако. Границата ја поминаа кога почнаа отворено да велат или плати или затвори. Епа камаради за ова не се боревме. Ова не е животот во кој можеби за момент поверувавме.

Рекет шемата оди преку агенции за обезбедување блиски до власта. Ти диаѓаат и ти нудат услуга за возврат треба дебело да платиш, за како што велат секаков вид на заштита. Ако си малце потврд и го издржиш притисокот, тогаш ти доаѓаат луѓе блиски до власт.
И двете ми се случија за неполн месец луѓе блиски до актуелниот градоначалник да ти дојдат на врата и да ти речат или плати или затвори, ни малку не ме асоцира на живот. Кога реков дека во оваа држава има закони и непланирам никому рекет да плаќам за да можам слободно да работам ми рекоа добро ќе се предомислиш имаш време. Не помина една недела и еве ти го писмово, од град Скопје. Ова пријатели се вика закана на маса. Сакаат да покажат кој е тука главен и дека без да платиш рекет нема да можеш да работиш. Не сум само јас на удар.
На удар се сите мои познаници кои имаат бизниси. Не е само во Скопје така, слушнав човекот што му го запалиле кафичот во Прилеп бил под истиот притисок ко и јас. Источна Македонија која од уста не ја вадеа во избори проплача. Нема бизнисмен кој не е изрекетиран, а сумите се богами високи од 50 до 100 илјади евра за една година во зависност пд бизнисот. Вака ако продолжат сите ќе затвориме. Ќе ги затвориме кафичите, фабриките, ќе не остават на улица и нас и нашите вработени, само заради нивната пуста желба за богатство. Ситни мали души кои дојдени на власт сакаат за една година да станат мултимилионери, цицајќи го и последниот денар од народот. Ова ли е животот?

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This