March 29, 2024, 10:24 am

АПАСИЕВ ГЛАСЕН И ЈАСЕН Без указ за законот потпишан од претседателот, нема закон!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Димитар Апасиев во гостувањето на дебатната емисија „Само Вистина“ на Канал 5, со факти ја толкуваше судбината на непопуларниот Закон за двојазичност. Тој уште еднаш истакна дека во овој момент Законот за двојазичност не може да се толкува во Уставниот суд, бидејќи се уште не е потпишан од претседателот Иванов.

-Прво, законот нема да стигне до Уставен суд веројатно. Бидејќи претседателот на Републиката одбива да го потпише, тоа е ситуација во која нема правен лек против такво нешто бидејќи имаме уставна празнина. Односно не постои рок во кој што по втор пат тој мора да го потпише законот и ние до сега сме имале такви ситуации во нашата уставно правна историја, вели Апасиев.

Професорот Апасиев во понатамошниот тек на емисијата, го оцени потегот на Иванов да не го потпише Законот како мудар, но и кога истиот би стигнал до Уставниот Суд тој би имал две основи по кои што може да се спори. Првата основа, според Апасиев, е фактот што при носење на законот има флагрантно кршење на деловникот и процедурата. А втората основа е неуставноста на Законот на која укажуваа голем дел експерти по уставно право.

-Така што, Иванов тоа мудро во случајов го користи и одбива да го стави потписот. Така да законот без таков потпис, без указ не може ни да стигне до Уставниот суд, но и кога ќе стигне има две основи по кои што може да се спори. Првата е формално правната основа односно прекршување на деловникот за носење каде што имаме флагрантно прекршување на деловникот и процедурата. Втората е материјално правна основа каде што имаме веќе навлегување во мериторно одлучување за уставност или неуставност на Законот. Законот во ваква лимбо ситуација не може ни да стигне до Уставен Суд бидејќи нема Закон, заклучи Апасиев.

Тој го спомена и случајот кога Тито Петковски во отсуство на Киро Глигоров го потпишал законот за користење на симболите.

Апасиев констатираше дека Талат Џафери не може да го замени потписот на Иванов, бидејќи Уставниот суд веќе еднаш го има толкувано ваквото постапување како против уставен чин.

-Невозможно е претседателот на Собранието да го потпише, впрочем до сега имало само еден таков безуспешен обид кога Тито Петковски во 97 година го потпишува тогашниот закон за симболите и Уставниот суд со одлука го укинува тој Закон поради процедурални потреби. Нашиот Устав предвидува само четри случаи во кои што претседателот на Собранието може да го замени Претседателот на Републиката. Службен пат не спаѓа во овие случаи. Поточно доколку Иванов излезе од државата, Талат Џафери не може да го замени неговиот потпис. Значи невозможно е тоа бидејќи Уставниот суд веќе еднаш го има касирано тоа како противуставно, рече Апасиев.

Четирите случаи се во случај на смрт на претседателот, во случај на трајна спреченост да ја врши функцијата до избор на нов претседател, во случај на оставка и во случај на импичмент.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This