АРАФАТ МУАРЕМИ, НОВАТА ФАТИМЕ ФЕТАИ: Директорот на финансиска полиција, специјалист за измислување афери и партиска марионета на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште минатата година „Инфомакс“ предупреди дека Зоран Заев и Оливер Спасовски инсталираат партиски кадри во МВР кои подоцна ќе можат да ги искористат во политички местенки и измислени афери, во обид за дефокусирање на јавноста

 

Таков е и примерот со Арафат Муареми, за кого во август минатата година предупредивме дека е новата „Фатиме Фетаи“ во МВР, потполно ставен во служба на СДСМ и ДУИ.

Арафат Муареми, инаку истражител од СЈО, за директор на Финансиската Полиција беше назначен за директор на Финансиската полиција на владина седница во август минатата година. Откако беше назначен за директор, од Заев дадена е насока до министерот за финансии да го зголеми за 4 пати буџетот на оваа институција.

Целта на зголемениот буџет е политичкото конструирање на идните случаи против ВМРО да се спродевува токму преку Финансиската Полиција и преку Албанец како директор за да се прикаже во јавноста дека не се гонат функционерите на ВМРО преку партиски кадровски решенија на СДСМ. Дека институцијата ќе има зголемен буџет и дека ќе се занимава исклучиво со отпочнатата и незавршена хајка на СЈО, според наши сознанија признал и самиот Арафат пред потесниот колегиум на оваа институција.

Инаку, директорот Арафат Муареми минатата година заедно со неговите колешки од СЈО Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи заврши обука за комуникација со јавност во една странска земја.

Ваквата обука особено е важна во функција на измислување на афери онаму каде што ги нема.

Таков беше случајот и со екс-директорот на СОЗР на Владата на Р.Македонија, кој без докази е обвинет дека наводно добил автомобил од газдата на комапнијата „Секјуриком“ која била избрана на тендер за извршување на различни задачи во владините институции.

Од „Секјуриком“ вчера го демантираа случајот, и ги поканија органите да ги проверат документите, бидејќи како што велат, потполно се чисти.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This