АРОГАНЦИЈА И ХИСТЕРИЈА КАКО ДИМНА ЗАВЕСА: Денешниот скандал и хистерија не можат да ја покријат правната неписменост на Катица и Фатиме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катица Јанева и Фатиме Фетаи продолжуваат да прават циркуз од себе. Јанева и Фетаи со своето непознавање на правото и недоличното однесување се срам за целокупниот правосуден систем во Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Spiro1-640x327

 

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Ристовски

Правната инфериорност и немањето докази доведоа до нова хистерична епизода на Јанева и Фетаи во која специјалните обвинителки наместо да го водат случајот решија да го блокираат.

Ваквото недолично однесување и непочит на Јанева и Фетаи и конечно СЈО кон Судот во Република Македонија е уште едно парче во мозаикот во кој се добива целата слика на Специјалното јавно обвинителство.

Заканите преку лични навреди до судијата на Јанева, Фетаи и СЈО се идентични како и заканите на Зоран Заев кој на сите судии кои не судат по негова волја им вети дека ќе бидат сменети ако тој дојде на власт.

Уште еднаш целата правна фела беше засрамена од непознавањето на законите и процедурите од страна на Јанева и Фетаи. Ова не е ништо ново имајќи предвид дека истите луѓе покажувајќи нула правна логика, етика, морал и интегритет го ослободија Зоран Верушевски и по вторпат го аболицираа Зоран Заев.

Истото СЈО не процесуира ниту еден случај против член на СДСМ и служи за заплашување на сите кои му стојат на патот на Заев или се двоумат во извршувањето на неговите антидржавни и криминални наредби. СЈО не се бори против криминалот, туку се бори исклучиво против ВМРО-ДПМНЕ рамо до рамо со аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Јанева и Фетаи со ароганцијата и хистеријата не можат да ја покријат ниту сопствената нестручност, ниту работењето од директни инструкции на СДСМ.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This