АРТА ТОЧИ НЕ Е ДОСТОЈНА ЗА ЗАМЕНИК МИНИСТЕР: Заев турка заменик-министер кој Македонија ја нарекува ФИРОМ и Западна Македонија – Илирида!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната седница на Собранието на Република Македонија каде на дневен ред е изборот на замениците министри во новата влада, со своја реплика кон излагањето на премиерот Зоран Заев се јави и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Милошоски изрази големо сомневање за предлогот за изборот на Арта Точи за заменик министер за надворешни работи, поради како што кажа тој, нејзините скандалозни ставови во врска со уставното име на нашата држава и територијалниот интегритет на Република Македонија.

„Што се однесува до предложените заменици министри јас имам неколку прашања. Прво заменик министер за надворешни работи предложена е кандидатката Арта Точи. Ние во изминативе неколку дена видовме повеќе контроверзни потези кои што се однесуваат на надворешните работи. Но дали Арта Точи, тоа е големо прашање, сеуште стои на своите ставови објавени во научен труд дека Западна Македонија требало да припадне на Албанија? Дали Арта Точи е достојна за да биде заменик министер за надворешни работи ако сопствената држава која што треба да ја претставува во научен труд ја ословува како ФИРОМ?“, запраша Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот, тој истакна дека поради таквото однесување на кандидатката за заменик министер за надворешни работи, се сомнева во искрено и доследно претставување на нашата држава во сферата на надворешните работи.

„Сметаме дека вакво едно недостојно однесување со потценување кон територијалниот интегритет на Република Македонија и на нашето уставно име не дава за основа да се надеваме дека Арта Точи искрено и доследно ќе ја претставува Република Македонија во надворешните работи“, заврши Милошоски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This