АХА, ЗНАЧИ СЕГА ИНКВИЗИЦИЈА СЕ: Катерина Колозова од Левица распната бидејќи го критикувала Заев за неносењето на вратоврска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катастрофалната работа на новата Владата предводена од СДСМ, се почесто е мета на остри критики и од страна на нивните жестоки поддржувачи, оние кои беа дел од Шарената револуција, која подоцна граѓаните ја нарекоа Завод за вработување, бидејќи голем дел од тие кои беа дел од неа беа вдомени во државните институции. Напади посебно добиваат оние кои се задолжени за вршење на пропаганда на Владата, поради нивната работа која многу ја нарекување градење на култ на личност за Заев.

Последна низата на лугето кои ја критикуваа работата на новата власт е и универзитетската професорка Катерина Колозова, која инаку е дел од Левица и беше дел од Шарената револуција. Таа вели дека со новата власт го доживеала врвот на лудилото и ги повика лицата од Владата да се лечат.

-Го доживеав врвот на лудилото: бев обвинета за груевизам затоа што сум го критикувала неносењето кравати кај Заев и друштво. Предлагам, сама се нудам, сите инквизитори на новата власт – знаат кои се – да ме извадат на плоштад и да ми судат за скриена вмровштина за која не сум ни свесна ама ете ми ја запоседнала душата, да ми спроведат егзорцизам и да пробаат да го испадат демонот од мене. Ја ќе се одречам колку пати ќе кажете, ако не успеете да ме исчистите од таа дијаболичност во срцето мое, ве молам да ме запалите на клада. Нема друг начин на борба против скриените демони и љубов кон Ѓаолот. Не сте нормални бе, психопати инквизиторски. Лечете се, напиша на Фејсбук Колозова.

Постот на Колозова против Заев и СДСМ го лајкуваа Ирена Ристиќ, Митко Јованов, Здравко Савевски и други поддржувачи на Шарената револуција

Незадоволстовото од владеењето на Заев и СДСМ е големо кај сите граѓани, па дури и кај оние кои со сите сили се бореа да го донесат на власт, луге кои беа дел од Шарената револуција.

Лајкови на постот на Колозова ставија доста членови на Шарената револуција, меѓу кои и едни од најактивните и најистакнатите како Ирена Ристиќ, Митко Јованов, Здравко Савевски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This