АХМЕТИ:Каде ќе помине Албанец таму ќе се зборува албански

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен македонскиот јазик и албанскиот е официјален во сите институции во Република Македонија, порача претседателот на ДУИ Али Ахмети, во емисијата „200“ на телевизијата Алсат-М.

“Албанскиот јазик е официјален во Република Македонија и ќе се користи таму каде што го употребува заедницата. На пример, дали има некој Албанец во Струмица? Нема, но може да помине. Е сега ако тој поминува таму и има проблем на граница или во градот, се викаат преведувачи и законот на него му овозможува, без разлика дали имал проблем со полицијата, со обвинителството, тој да зборува на својот мајчин јазик”, рече лидерот на ДУИ според кого исто ќе се применува албанскиот јазик во било кој град во Македонија.

“Ако поминува во Делчево и направи некој проблем… исто може да зборува на својот мајчин јазик”, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети во своето гостување на емисијата 200.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This