Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николовски го бодреа европскиот шампион во ракомет Вардар, кој на домашен терен играше со „Загреб“
„Ајде, ајде, ајде Вардарееее! Вардареее Вардареее“ – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот ФБ профил.
РК „Вардар“ вечерва ја освои четвртата титула во СЕХА лигата, со што испиша историја во СЕХА натпреварувањето со четири консекутивни победи.
„Црвено-црните“ со серија од 5-2 го отворија мечот против. Избраниците на Раул Гонзалез доминираа до 22. минута, кога со голот на Дибиров стигнаа до највисоки 11-7. Хрватскиот тим и покрај пеколната атмосфера најде начин како да се врати. Се тргна по водството на вардарци од 13-10. Валчиќ, Хорват и Вори на полувремето го донесоа Загреб на 14-13.
По фуриозните неколку минути пред одморот, „плинарите“ добија ветар во грб, во 34. минута израмнија на 15-15, а потоа на 16-16. Налетот на хрватскиот шампион го прекинаа Мораш и Циндриќ во 39. минута (18-16). Ниту овие два гола Вардар не влезе во ритам, следеа нови израмнувања 18-18, а потоа 19-19.
Во 50. минута Шушња доби црвен картон,ова беше клучниот момент. „Црвено-црните“ заиграа како што им доликува, во 54. минута поведоа со највисоки 25-20. Тука беше крајот на мечот.