БАЛКАНСКИТЕ ПАТИШТА НА ОРУЖЈЕТО: Како се вооружуваше УЧК со оружје од ЈНА и војните кои се водеа на Западот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пиштол купен за 250 до 500 евра на црниот пазар на Балканот, може да се продаде по цена од 3.000 до 5.000 евра во земјите како што е Шведска

kalas_oruzje

Европската агенција за заштита на границите „Фронтекс“ во април оваа година предупреди на опасноста од шверцот со оружје од Балканот. Во нивниот извештај се наведува дека многу лесно може да се дојде до „калашњиков“ и граната на просторот на бивша Југославија, додавајќи дека ризикот од шверц со оружје на Балканот пораснал поради бранот бегалци.

Иван Зверзхановски, лидер на проектот на Обединетите нации за борба против нелегална трговија со оружје пред само неколку дена изјави дека, според информациите на оваа агенција, пиштол кој е купен за 250 до 500 евра на црниот пазар на Балканот може да се продаде за 3.000 до 5.000 евра во земји како што е Шведска. Неодамна и агенцијата АФП ја пренесе проценката од меѓународното истражување за лесно вооружување од 2014 година во кое се вели дека, во посед на цивили на Западен Балкан во кој живеат помалку од 25 милиони луѓе, се наоѓаат околу 3.6 и 6.2 милиони парчиња огнено оружје!

Дека толкава количина на оружје е оставена од војните кои десет години се водени на просторите на бивша СФРЈ не е тешко да се заклучи, но треба да се потсети како толкава количина на оружје стигнала на Балканот и пронашло пат од „мини-војната“ во Словенија до терористите на т.н. УЧК на Косово во текот на деведесетите. Некогашната Југославија извезуваше оружје во вредност од околу 500 милиони долари годишно, и тоа главно на Блискиот исток и во некои земји на Движењето на неврзаните. Производството на делови се одвивало во различни републики. Клучните компоненти за тенкот М-84, инаку гордост на ЈНА, се правени во БиХ, Србија, Црна Гора, а составувани во Хрватска.

skorpion

Мини-војната на словенечката Територијална одбрана со ЈНА во 1991 година, зад себе остави 60 контејнери со оружје кое е илегално увезено преку пристаништето Копер. Веднаш по завршувањето на тој судир, Словенците тоа оружје го продадоа на Хрватска. Конвојот составен од 31 шлепер кој пред ембаргото на Европската заедница и Обединетите нации, наполнето со 15.000 автоматски пушки и неколку милиони парчиња муниција и 3.000 ракети за рачни минофрлачи, легално ја премина словенечко-хрватската граница. Војната во Хрватска во 1991. година уште во самиот зачеток беше дозирана со оружје кое пристигнуваше не само од Словенија туку од сите страни. Хрватска од Белгија и Словачка набави пиштоли, а првите автоматски пушки САР-80 и пушкомитралезите „ултимах“, калибар 5.56 милиметри пристигнаа од Полска, Чешка и Украина. Се на се, Хрватска на почетокот на 1991. потрошила речиси 200 милиони долари на увоз на оружје. Како што војната во Хрватска привршуваше, така онаа во Босна и Херцеговина се разгоруваше, па нелегалната трговија со оружје цветаше.

„Вишокот“ од Хратска се префрлуваше во Босна, а додатна помош на Армијата на БиХ пристигнуваше и со американските транспортни авиони „херкулес“. Најпознатата испорака е онаа таканаречена Тузланска во 1994 година, кого со американски авиони е испрачано оружје, телекомуникации, противоклопни системи, муниција и стрелачко вооружување. БиХ и самата произведуваше муниција. Модерната фабрика „Игман“ кај Коњица до војната имала капацитет од 300.000 куршуми дневно, а за време на војната произведуваше толку неделно, благодарејќи на тоа што под контрола на Сараево остана фабриката „Победа“ од Горажд која ги произведувала иницијалните каписли.

Но, парафот во Дејтон 1995. за БиХ значеше и крај на потребата за вооружување. Босна влегува во мир, а според податоците на СФОР, од 26.800 автоматски пушки, 5.000 пиштоли со резервни шаржери, 13 милиони куршуми, 40 илијади парчиња стрелачко вооружување, 174.000 рачи бомби, 32.000 нагазни мини, 38 тони експлозив, 200.000 парчиња тешко вооружување, пристигнало за време на војната од Панама, Ирска, Авганистан, Пакистан. Судирите на Косово за нив дојдоа во право време. Босанскиот „вишок“ на оружје се прели во рацете на ОВК.
rpg

ОВК со оружје се снабдуваше и се снабдува од два извори: Република Албанија и Босна и Херцеговина. Косовските Албанци добро плаќаат, а првата испорака на оружје од БиХ ја платиле околу милион долари на почетокот на 1996.година. Во неа имало неколку стотина автоматски пушки АК-47 југословенско производство, аргентински пушки ФАЛ, различни автомати и митралези од различен калибар, 167.000 куршуми, 1250 килограми тротил, девет минофрлачи и 579 мини за нив, 269 ракетни фрлачи тип „оса“, „зоља“, 68 ракетни фрлачи и 300 ракети за нив, неколку наведувачки ракети, но и три противавионски ракети „стрела 2М“ како и снајпери.

Од Албанија шверцот одел по класичните шверцерски патишта преку Проклетија. Индикативно е тоа дека токму во 1997 година, е обиена оружарницата во Албанија од каде што „исчезнуваат“, според нивните податоци 600.000 автоматски пушки систем „Калашњиков“, 200.000 полуавтоматски пушки систем „Симонов“ СКС, 20.000-30.000 кинески пушк тип „10. јули“, илијадници автомати и мтралези од советско потекло, околу 10.5 милиони куршуми, околу милион нагазни мини, илјада минофрлачи и десетина илијади мини за нив, стотина тони експлозив итн.

Оружјето кое српската полиција го запленувала кај Албанците до крајот на 1997 година, била или од југословенско потекло, или комерцијални и шверцувано од Западот од претходни војни.

На крајот на 1997 година, полицијата на Косово запленува германски и италијански пушкомитралези и автомати, ловечко оружје и нешто современо воено оружје, купно на црниот пазар во Хрватска и Босна. Во рацете на албанското население во тоа време имало околу 200.000 парчиња огнено оружје. Албанците по бомбардирањето во 1999. почнаа со голема распродажба на оружјето, претежно преку Македонија и Албанија.
Проценките на УНМИК од декември 2005. покажуваат дека на Косово има помеѓу 350.000 и 400.000 парчиња нелегално стрелачко оружје. Денес веќе никој не води сметка за тоа освен шверцерите.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This