March 28, 2024, 11:57 am

БАЛКАНЦИТЕ СЕ ПОГОЛЕМИ ЕВРОСКЕПТИЦИ: Народот изморен од лажните ветувања на ЕУ и НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се повеќе и повеќе граѓани во регионот се сомневаат дека ќе влезат во Европската унија, покажува истражувањето на „Балкан барометар“ за 2017 година, претставено вчера во Брисел.

Истражувањето покажува дека граѓаните се изморени од ветувања и очекувања.

Во земјите на регионот на Балканот, и покрај поддршката, европска интеграција, постои широко распространет скептицизам за можно брзо пристапување кон ЕУ, а една четвртина од населението не верува дека нивната земја ќе стане членка на Унијата.

Според истражувањето, кое беше спроведено во текот на минатата година, во југоисточна Европа расте песимизмот кај граѓаните од регионот кога станува збор за датумот на влезот на нивната земја во Европската унија.

Додека пред две години 27 отсто од испитаниците сметаа дека нивната земја ќе стане членка на ЕУ до 2020 година, со последното истражување тој број е намален на 19 отсто, додека 28 отсто од анкетираните сметаат дека тоа никогаш нема да се случи.

Генералниот секретар, Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ вели дека официјални претставници на ЕУ често зборуваат за замор од проширувањето присутно меѓу граѓаните и политичарите на ЕУ, но ова истражување покажува дека и граѓаните од регионот се изморени од ветувања и очекувања.

Има веќе 17 години, откако започна целиот процес започна и луѓето мислат дека тоа трае премногу долго, и дека нивниот живот не се променил колку што се очекуваше – вели Свилановиќ.

Истото истражување покажа дека три четвртини од граѓаните веруваат дека регионалната соработка може да придонесе за просперитетот на регионот.

Ваквата позиција е најраспространета во Македонија, каде што 82 отсто од испитаниците сметаат дека регионалната соработка може да ја подобри политичката, економската или безбедносната ситуација во нивното општество.

Половина од испитаниците не забележуваат подобрување во односите во Југоисточна Европа во споредба со пред една година, додека 37 отсто рекоа дека има позитивни промени.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This