БАРАЊЕТО СИ СТОИ: Албанските пратеници неколку пати кажаа дека условот за Влада е прифаќање на Тиранската платформа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илија Димовски денес повторно потсети дека албанските политичари неколку пати досега јасно кажаа дека единствен услов за состав на влада со СДСМ е прифатената платформа од страна на Заев.ilija-dimovski1-640x403

-Барањето стои. Неколку пати колегите Албанци кажаа дека платформата е условот за да има Влада. СДСМ кажа дека позитивно гледа кон платформата, рече Димовски.

Димовски додаде дека точката за осудување на некаков геноцид врз Албанците е крајно неиздржана и непотврдена од никој досега, бидејќи во периодот кои што стои во барањето реална власт на оваа територија во тоа време имале германската, бугарската и италијанската армија.

-Предлогот во платформата кој што СДСМ го прифатил е дека врз Албанците во Македонија се извршил геноцид во периодот од 1912 до 1956 година. За мене интересен е периодот од 1941 до 1943 година. Зошто? Заради тоа што реална власт на денешна територија на Република Македонија во тој период биле три армии. Трите армии денес се дел од НАТО и ЕУ. Германската армија, бугарската и италијанската армија. Си велам да не случајно сме тргнале по грчки памет кога пред две години грците бараа воени репарации од германците, па сега ние како Собрание да ги прогласиме германската, бугарската и италијанската армија како геноцидна, заради тоа што тие биле реална власт во тој период. Тука не го гледам интересот ниту на колегите Албанци, ниту на колегите од СДСМ, зошто после толку години овие три армии би требало да ги прогласиме геноцидни кога поминале тие времиња, додаде Димовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This