БЕГАЛЦИТЕ ВО ГРЦИЈА ВРИЈАТ: Бараат да им се каже што ќе биде со нив, во спротивно ќе тргнат кон Македонија (ФОТО/ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најтензична е состојбата во кампот на островот Хиос, каде што пред неколку дена дојде до тепачка помеѓу бегалците и обезбедувањето, при што еден од мигрантите се самозапали откако претходно се поли со бензин.

beg__sred

Бегалците во камповите во Грција се на работ на издржливост откако речиси една година чекаат да биде решен нивниот статус. Досега никој не ги информирал што ќе биде со нив и дали ќе бидат вратени од каде што дошле или ќе бидат пуштени да заминат во западноевропските земји.

Тие сѐ поотворено најавуваат дека ќе ги напуштат „затворите“, како што ги нарекуваат прифатните центри, и ќе се упатат кон Идомени со надеж дека ќе влезат во Македонија, а оттаму преку Србија и Унгарија ќе заминат во Германија која е нивна посакувана дестинација.

Речиси сите се информирани дека освен во Србија, на балканската рута има поставено огради и во други земјиа и дека властите во Македонија, Србија, Унгарија, Словенија и во Австрија се едногласни дека нема да дозволат да се повторат сликите од пред две години.

Најтензична е состојбата во кампот на Хиос каде што пред неколку дена дојде до тепачка помеѓу бегалците и обезбедувањето, при што еден од мигрантите се самозапали откако претходно се поли со канта бензин. Залуден беше обидот на останатите бегалци да го изгаснат огнот. На социјалните мрежи пишува дека бегалецот имал сериозни изгореници и дека им подлегнал на повредите.

Во Грција во моментов има околу 50.000 бегалци, најголем дел се сместени на Хиос и на Лезбос и во околината на Солун. Иако нови бегалци засега нема, стравувањата се дека тоа ќе се промени со затоплувањето на времето и доаѓањето на летото. Голем број од камповите се со зголемен капацитет. Во Морија на Лезбос капацитетот е за 1.500 бегалци, а сместени се дури 4.000.

Грижи им создава и влошувањето на состојбата во Сирија, што може да доведе до нов бран бегалци кон Турција, а потоа и во Грција. Пред неколку дена во центарот на Солун се одржа голем протест на сириските бегалци кои бараат Европа да ги отвори портите за нивните сонародници на кои животот им е загрозен по новите бомбардирања. Сиријците се најмногубројни во Грција, по нив следуваат Авганистанците и Ирачаните.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This