April 26, 2024, 11:24 pm

БЕЗ МОЖНОСТ ЗА МАНИПУЛАЦИЈА НА ПРАВДАТА: Руските специјалци ликвидираа екстремисти на ИСИС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руските сили за безбедност синоќа ликвидирале двајца вооружени екстремисти од Исламската држава, кои планирале серија кривични дела поврзани со тероризам, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштението на рускиот Национален антитерористички комитет (НАК).

fsb_infiltrator
Двајцата биле убиени во Ставрополски крај по престрелка со руските сили за безбедност, кои се обидувале да го запрат автомобилот на криминалците, синоќа околу 23.00 часот, по локално време.

Акцијата била дел од операцијата за блокирање на активностите на групата „заспаната клетка“, чии членови положиле заклетва за верност кон ИД.

Лицата кои се наоѓале во возилото отвориле оган со автоматско оружје и се обиделе да избегаат. Руските сили за безбедност одговориле на нападот и ги неутрализирале екстремистите.

– Едниот од нив бил лидер на „заспаната клетка“, кој бил обучуван во кампови на ИД и вратен во Русија со цел да извршува терористички напади. Другиот бил активен член на групата, соопшти НАК.

– Силите за безбедност располагаат со податоци, дека екстремистите имале намерна да извршат повеќе кривични дела поврзани со тероризам, стои во соопштението.

Во автомобилот биле пронајдени материјали за подготовка на бомби. Во домот на еден од екстремистите е најдена литература на ИД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This