Чесите и Полјаците денес на патиштата непријатно ги изненадил снег во април – кога не му е време, и предизвикал хаос во сообраќајот, посебно поради фактот што дисциплинираните возачи веќе ги замениле зимските гуми на автомобилите со летни.
Снегот го отежнува сообраќајот и на автопатот кој ги поврзува Прага и Дрезден, и тоа во пограничниот предел во планинскиот терен, каде паднале неколку сантиметри свеж снег. Слична е состојбата и на истокот на Чешка.
Во бело, снежно утро, по тмурната, студена и дождлива ноќ се разбудиле и жителите на Варшава во Полска, каде побелеле тревници и дрвја, крвови, паркирани автомобили. Сепак, поради високите температури снегот брзо се топи.
Snow in Munich today! @Kachelmann
Предупредување за снег и компликации во сообраќајот издале и словачки метеоролози.
Ширум Хрватска пристигнало и најавуваното влошување на времето. Така во седум наутро во Пожега, Книн, Џаково, Жупање, како и во Винковци биле измерени 2 степени Целзиусови. Во Загреб биле измерени 7 степени. Во Шибеник биле измерени 6 степени, а во Сплит и Дубровник по 10 степени.