March 28, 2024, 11:08 am

„БЕСМРТЕН ПОЛК“ ВО РУСИЈА: Единствено Миленко Неделковски како претставник од Македонија на маршот на „Бесмртниот полк“ во Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маршот на „Бесмртниот Полк“ кој денес ќе стартува во Скопје, а ќе се одржи во повеќе градови од Македонија, исто така ќе се одржи на 9-ти мај во Русија. На маршот кој ќе се одржи во Вороњеж ќе присуствува и Македонскиот новинар Миленко Неделковски, заедно со делегацијата од Црна Гора

besmrten_polk_milenko

Членовите на делегацијата се политичари и јавни личности, меѓу кои и новинарот Миленко Неделковски. Сите ќе присуствуваат на маршот во Вороњеж, меѓу кои и претставниците од Македонија и Црна Гора ќе истакнат и фотографии од нивните предци кои земале учество во анти-фашистичката војна.

Гостите во Вороњеж ќе останат до 11-ти мај, период во кој ќе се сретнат и со претставниците од регионалната Дума.

Членови на делегацијата се:

Милан Кнежевиќ – претседател на Демократската народна партија од Црна Гора

Будимир Алексиќ, претседател на политичкиот совет на Новата српска демократска партија

Мило Божовиќ, општина Будва

Јовица Греговиќ – советник во советот на општина Будва

Ѓоко Раичевиќ, претседател на президиумот на Унијата за воена неутралност на Црна Гора

Никола Јовановиќ, член на президумот на Демократскиот фронт

Миленко Неделковски, новинар од Македонија.
agenda_polk

Во рамките на одбележувањето на Денот на Победата над фашизмот Амбасадата на Русија во Македонија на 6 мај оваа година на плоштадот “Македонија” во Скопје заедно со здруженијата на руски сонародници во Македонија ќе одржи манифестација „Бесмртен полк“ (манифестацијата започнува во 18 часот).

Оваа година на настанот се планира на плоштадот во центарот на Скопје да се постави „Ѕид на сеќавање“ на кој ќе бидат отсликани портрети на учесници на антифашистичкото движење. Секој човек без разлика на државјанство и верска припадност може да дојде на плоштадот на 6 мај во 18 часот и да го закачи портретот на својот херој на „Ѕидот на сеќавање“ на лице место.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This