БЕСМРТНИОТ ПОЛК ВО СКОПЈЕ: Масовно да се приклучиме и да покажеме дека Македонија отсекогаш била на вистинската, победничка страна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Бесмртен полк“ е доброволна граѓанска иницијатива која има за цел во секое семејство да бидат зачувани сеќавања на генерацијата која го победила фашизмот. За првпат, акцијата „Бесмртен полк“ беше одржана во Томск на 9 мај 2012 година.
polk_flaer

Тогаш, во поворката на „Бесмртниот полк“ учествуваа над шест илјади жители на овој сибирски град со речиси две илјади портрети на членовите на нивните семејства, некогашни учесници на Големата Татковинска војна. По мај 2012 година, ова волонтерско движење почнува да добива национален, но и меѓународен карактер. Така, на 9 мај 2013 година, акцијата „Бесмртен полк“ опфати повеќе од 120 градови и села на Русија, Белорусија, Украина, Казахстан и Киргистан, обединувајќи 180 илјади луѓе од најразлични националности, а во 2014 кон ова движење се приклучија веќе над половина милион учесници. Во 2015 година, „Бесмртниот полк“ се претвори во еден од клучните настани во рамките на прославата на 70-годишнината на Победата. Тогаш, на 9 мај, во оваа благородна акција учествуваа околу 12 милиони луѓе во над 20 земји ширум светот, вклучувајќи ги САД, Германија, Австрија, Австралија, Норвешка, Франција, Ирска, Чешка, Јужна Кореја. Во 2016 година на Денот на Победата повеќе милиони луѓе од над 50 земји ширум светот му се придружија на „Бесмртниот полк“ и на тој начин им оддадоа почит и се заблагодарија на своите најблиски, роднини и сите ветерани кои се бореле против фашизмот за време на Втората светска војна.

Официјалното лого на акцијата – жеравот кој полетува кон небото со петокрака во позадината – е креација на уметникот од Барнаул А. Шелепов, создадена според уметничкиот лик преземен од познатата советска воена песна „Жерави“, посветена на паднатите борци во Големата Татковинска Војна.
agenda_polk
Во рамките на одбележувањето на Денот на Победата над фашизмот Амбасадата на Русија во Македонија на 6 мај оваа година на плоштадот “Македонија” во Скопје заедно со здруженијата на руски сонародници во Македонија ќе одржи манифестација „Бесмртен полк“ (манифестацијата започнува во 18 часот).

Оваа година на настанот се планира на плоштадот во центарот на Скопје да се постави „Ѕид на сеќавање“ на кој ќе бидат отсликани портрети на учесници на антифашистичкото движење. Секој човек без разлика на државјанство и верска припадност може да дојде на плоштадот на 6 мај во 18 часот и да го закачи портретот на својот херој на „Ѕидот на сеќавање“ на лице место.
Ги покануваме сите кои не се рамнодушни кон меморијата за хероите-антифашисти да земат учество во создавањето на “Ѕидот на сеќавање” за на тој начин заедно на сите да им потсетиме на хероите кои загинале заради нашата денешна слобода и живот.
polk_flaer2

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This