БЕЈТА ПРАВЕЛ ПРОБЛЕМИ ВО ГОСТИВАР: Градоначалникот на Гостивар прави раскол во ДУИ – се самопрогласил за кандидат, а нема поддршка од никого!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелниот градоначалник на ДУИ во Гостивар, Невзат Бејта, се самопрогласил за иден кандидат за втор мандат во градоначалничката фотеља, како кадар на ДУИ. Сепак, неофицијално од партијата дознаваме дека Бејта нема ниту поддршка од членството на партијата, ниту пак ужива кредибилитет кај гостиварчаниbejta2

 

Невзат Бејта, актуелниот градоначалник на Гостивар кој ја освои управувачката фотеља на градот со помош на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави и лидерот на партијата Никола Груевски, пред два дена свикал состанок на општинскиот огранок на ДУИ и се самопрогласил за кандидат на следните локални избори.

Сепак реалноста не може да биде подалеку од тоа што го пласираат соросовите медиуми на албански и македонски јазик, како оној на Бранко Геровски.

Имено, Бејта во моментов е отпадник на ДУИ и не ужива никаква поддршка од партијата, освен од неколкумина свои соработници кои ги придобил благодарение на неговата градоначалничка функција. Токму со овие, вчера пред два дена, доцна вечерта тој се самопрогласил за кандидат на ДУИ, но неофицијално од партиски извори дознааме дека Бејта нема никаква поддршка. Знаејќи го ова, Бејта имал и обиди во текот на вчерашниот ден да придобие и истакнати членови и активисти од ВМРО-ДПМНЕ и другите коалициони партии да му се приклучат и да работат за него, а за возврат ветувал советнички позиции.

Ваквото однесување предизвикало раскол во општнскиот во ДУИ, па оставка си поднел и истакнат партиски функционер.

Во своето интервју за Дневник, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски објасни за каква личност станува збор, кога се говори за Невзат Бејта. Имено, тој во соросоидните медиуми и на социјалните мрежи даваше коментари дека е против коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а воедно настрана од очите на јавноста се восхитувал на политичкиот капацитет на Груевски.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Во што се ис­так­ну­вал Беј­та?

gruevski-4– Тој бе­ше дел од вла­да­та што ја пред­во­дев и мо­жам да ка­жам дека е еден од оние ал­бан­ски по­ли­ти­ча­ри што со нај­воз­ви­шу­вач­ки збо­ро­ви го­во­ре­ле за ме­не и за мо­ја­та ра­бо­та, не са­мо во на­ши­те не­фор­мал­ни раз­го­во­ри, ту­ку и на сед­ни­ци­те на Вла­да­та што си­гур­но стои низ сте­ног­ра­ми­те. Има ед­на ре­че­ни­ца ко­ја мно­гу чес­то ја пов­то­ру­ва­ше, осо­бе­но от­ка­ко му за­вр­ши ман­да­тот во Вла­да­та и ко­га ста­на гра­до­на­чал­ник, а тоа е де­ка мно­гу на­у­чил од ме­не го­во­реј­ќи го тоа во нај­по­зи­тив­на­та смис­ла на збо­рот, и ми рас­ка­жу­ва­ше и де­ка тоа им го го­во­рел и на Ма­ке­дон­ци­те во Гос­ти­вар, а осо­бе­но на на­ши­те ак­ти­вис­ти. По­доц­на не­кои од нив ми го пот­вр­ди­ја тоа. Оде­ше и по­на­та­му ка­жу­вај­ќи што на­у­чил, но да не одам во де­та­ли, ќе ка­жам са­мо де­ка Беј­та си­гур­но од ме­не не чул и не на­у­чил да ги по­ни­жу­ва и нав­ре­ду­ва Ал­бан­ци­те – истакна Груевски во интервјуто за Дневник.

Кол­ку што се се­ќа­вам, тој по пр­ви­от круг на из­бо­ри­те во Гос­ти­вар гу­бе­ше, а во вто­ри­от ко­га се вклу­чи­ја ма­ке­дон­ски­те гла­са­чи и по­бе­ди. Од ма­ке­дон­ски­те пар­тии та­му ВМРО-ДПМНЕ ужи­ва нај­го­ле­ма до­вер­ба?

-Да, та­ка бе­ше. За жал, на пос­лед­на­та мо­ја по­се­та на Гос­ти­вар за­бе­ле­жав го­ле­мо не­за­до­вол­ство од не­го­ва­та ра­бо­та кај Ма­ке­дон­ци­те, но и кај Ро­ми­те и Тур­ци­те во Гос­ти­вар. Се­пак, има уш­те мал­ку вре­ме до мај за да го по­доб­ри впе­ча­то­кот со ре­ал­ни про­ек­ти и ре­ша­ва­ња проб­ле­ми, и тој и не­кои дру­ги гра­до­на­чал­ни­ци на ДУИ кои на се­кои из­бо­ри ја ба­ра­ат под­дрш­ка­та не са­мо од Ал­бан­ци­те ту­ку и од Ма­ке­дон­ци­те и од дру­ги­те гра­ѓа­ни – потенцира Груевски

[/kopa_block_quote]

 

 

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This