БИОГРАФИЈА ОД ДЕСЕТ РЕЧЕНИЦИ: Неверојатни 1.500 евра плата за човек со десет реченици биографија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата одлучи да ја предложи за заменик-претседател на Комисијата за хартии од вредност сестрата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Лилјана Делиџикова, а својата одлука ја оправда со десет збора.

Од Владата велат дека Делиџакова е избрана поради нејзиното професионално искуство, а во „биографијата“ испратена до Фокус пишува: „Дипломиран економист – 20-годишно искуство во работење со финансии, банкарство и општо економски менаџмент“.

Колку е релевантно е прашање, но од Владата додаваат дека огласот за нови членови на КХВ бил објавен на 10 февруари, дека имало 8 апликации од кои еден кандидат не исполнил услови, а дека од 7 се избрани 5 кои се пратени во Собрание.

Дека изборот на Владата ќе помине низ владејачкото мнозинство е речиси извесно, бидејќи како претседател на Комисијата е предложена поранешната пратеничка на ДУИ, Нора Алити. Доколку бидат изгласани Алити и Делиџакова ќе бидат професионално ангажирани, односно вработени со мандат од 5 години, а за плата од околу 1.500 евра.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This