БЛОКИРАНИ СИТЕ ПРОФИЛИ НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Дали ова е причината за блокирањето на сите профили на Миленко Неделковски на социјалните мрежи?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едноумието и тоталитарниот начин на владеење повторно се враќа во Македонија, а кој би го спровел токму овој начин на владеење ако наследниците на оние кои повеќе од 45 години владеаа токму на овој начин во Македонија. Лудоста на СДСМ оди дотаму да секојдневно до нашата редакција пристигнуваат информации за блокирани профили на социјалните мрежи поради експлицитните ставови против владата и СДСМ. Голем дел од граѓаните кои на социјалните мрежи јасно не се согласуваат со анти-државните политики на Заев се и судски процесуирани.

Ниту политичките коментатори и аналитичари не се иземени од чистката на социјалните мрежи која ја спроведува СДСМ на чело со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Сите профили на социјалните мрежи на еден од нај истакнатите политички коментатори и опинион мејкери во Република Македонија, Миленко Неделковски се блокирани. Ако нешто е поопасно од тоа на социјалните мрежи да водиш војна против власта, следното ниво е борбата против оние кој ја контролираат власта во Република Македонија, а тоа се амбасадорите и странските емисари. Токму тоа редовно на својот Фејсбук профил го правеше Неделковски, а по неговото интервју и анализа за случувањата во Македонија на руската национална телевизија „Русија 24“ тој беше блокиран од социјалните медиуми, но беше блокиран и неговиот веб сајт Дудинка.орг. Во интервјуто тој директно ги обвини западните сили за анти-државните политики на досегашните власти во Република Македонија.

Во анализата за руската национална телевизија тој истакна дека политичарите на целиот Балкан и во Република Македонија се бирани од страна на Америка. Најчесто се бирани луѓе со лошо минато кои можат да бидат уценувани и лесно контролирани.

-Сите политичари на Балканот како и во Македонија ги бира Америка. Тие користат луѓе со лошо минато хомосексуалци, трговци со наркотични средства кои лесно можат да бидат уценети и манипулирани. Тие се покорни и не се спротивставуват, вели Неделковски

Тој забележа и дека додека Македонија и поголемиот дел од државите на Балканот биле обединети и силни, не постоеле никакви проблеми. Нашите соседи немале проблем ни со нашето име ни со нашиот јазик, додаде тој.

-Ние се наоѓаме во центарот на Балканот, ние долго време живееме во релативен мир, ние долго време бевме дел од поранешна Југославија. Тогаш нашата армија беше пета во Европа и тогаш не постоеше проблем ниту со нашиот јазик ниту со нашето име. Потоа западот не подели со војната во Босна, Хрватскао-Српската војна и незаконското отцепување на Косово. Потоа следуваше војната во нашата држава во 2001 година кога бевме мали и безпомошни. Сценаристите од западот тогаш ни понудија невозможни услови за крај на војната, рече тој.

Тој заклучи дека сите овие договори кои изминативе 27 години се спротивни на македонските национални интереси се анти-уставни и со доаѓање на некоја демократска и народна власт лесно можат да бидат поништени. Тој го спомена Охридскиот договор како класичен таков пример.

Сите овие договори се нелегитимни бидејќи се спротивни на Уставот на Република Македонија. Било кое друго раководство кое нема да зависи од надворешни центри на моќ. Власт која ќе биде демократска, народна ќе има можност да се спротивстави на Охридскиот рамковен договор, вели Миленко Неделковски.

44 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This