БОЧВАРСКИ ДОНИРАШЕ: Штипскиот градоначалник донираше 500 евра на сметка на малата Валерија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Благоја Бочварски, градоначалникот на Штип се вклучи во акцијата за спас на седумгодишната Валерија Зафировска, за чија операција на тумор на мозокот се потребни 40.000 евра.

Тој лично донираше на сметката на малата штипјанка 30.000 денари, а пред медиумите изјави дека има идеја да се направи солидарен фонд, односно да се отвори солидарна сметка на која физички и правни лица ќе можаат да донираат средства, кои ќе им бидат наменети на граѓаните на кои им е потребно лекување, а самите не можат да си го дозволат.

Исто така најави дека во тек на утрешниот ден ќе бидат уплатени околу 10 илјади денари од општинската сметка, на сметката за лекување на девојчето, но вети и дека ќе се вклучи и во други активности, со цел да се собере потребната сума.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This