БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ВО ЛОНДОН РАСТЕ: Исламистите газат и колат се пред себе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку седуммина се убиени во серијата инциденти кои се случија на Лондонскиот мост и во околината на мостот, соопштува полицијата.

Воедно полицијата соопштува дека тројца напаѓачи се убиени.

​„Седуммина цивили се убиени , според сегашниот извештај, тројца од напаѓачите кои се убиени од полицијата, а најмалку 48 се ранети и се однесени во шест болници во Лондон“ изјави претставник на противтерористичката единица  Марк Роули.

Меѓу жртвите има и странци: најмалку еден австралијанец, и четворица француски државјани, од кој еден е тешко повреден.

Инцидентите на Лондонскиот мост и на пазарот Бороу се прогласени за терористички напади.

„Жена со пресечен врат, влезе во пабот, барајќи помош. Крвавеше од вратот, изгледаше дека и е пресечен гркланот. Луѓето се обидуваа да го сопрат крварењето, додека да дојде брза помош“ изјавува за Би-Би-Си Алеx Селум, еден од очевидците.

„Напаѓаа тројца, со нож и ги убиваа луѓето. Видов како почнаа луѓе да трчаат и да вриштатат по нападот. Меѓу убодените имаше и девојка помлада од 20 години“ изјавува очевидец.

Во ресторанот е ранета келнерката со нож во грло, а машкото е рането со нож во грб.

Друг сведок, именуван како Герард, изјавува за Би-Би-Си како го видел еден маж кој лежел на земјата со убодни рани, а веднаш потоа видел како напаѓаат девојка.

„Видов како тројца муслимани со ножеви, почнаа да ја напаѓаат девојката. Беа тројца, јас бев беспомошен, не можев ништо да направам. Тие ја убиваа со нож, а таа викаше ,,Помош“, зборува сведокот за Би-Би-Си.

Весникот „Дејли мејл“ објави  видео-снимка на која се гледа новинарот  Џеф Хо кој е повреден во терористичкиот напад во Лондон.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This