March 28, 2024, 11:18 pm

БУГАРИ ВО АЛБАНИЈА ИМА САМО ВО БУГАРСКАТА АМБАСАДА: Македонските здруженија и единствената Македонска партија во Албанија гневни на намерата да ги асимилираат како Бугари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алијансата на Македонците за европска интеграција (МАЕИ), како единствена што ги застапува интересите на македонскиот народ во Албанија, со огорчување протестира за вклучување во законот на некакво „бугарско малцинство“, по заканите од Бугарија за вето на членството на Албанија во Европската унија.

Во реакцијата на МАЕИ се вели дека наводите дека во областите Преспа, Голобрдо и Гора, кои се населени од македонско малцинство, живеат „Бугари“ се смета за сериозно прекршувања на меѓународното право, на универзална декларација за човекови права и слободи, за геноцид против македонскиот народ и за злосторство против човештвото!

Во Албанија, според историските факти и податоци за насделението, никогаш не постоело бугарското малцинство.

Такво малцинство постои само во главите на бугарските власти во Софија. Македонците во Албанија не се „Бугари“!

Бугари во Албанија се само вработените во бугарската амбасада во Тирана, се вели во реакцијата на МАЕИ.

 

Во Албанија и натаму ќе живеат само Македонци, а фактот што нема Бугари во оваа земја може да се смени само со продолжување на праксата за купување на „Бугари“, реагираат Македонците во Албанија.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува разочарување од фактот што Владата на Република Албанија, под притисок на Софија, го стопира донесувањето на Законот за националните малцинства во Албанија, дознава „Експрес.мк“

Друштвото жали што Владата на Република Албанија не одолеа на бугарските притисоци за признавање на непостоечко “бугарско малцинство” во Албанија. Во Албанија, освен осумте, со повеќедецениска пописна верификација, малцинства: Македонци, Грци, Роми, Власи, Еѓиптјани, Срби, Црногорци и Бошњаци нема ниту едно друго, а најмалку Бугари.

„Илинден“-Тирана, упатува остар демарш поради ваквата одлука на Владата, како и до Владата во Софија, заради скандалозната и неприфатлива пракса на Бугарија за регрутација на “Бугари” меѓу Македонците во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, со раздавање на бугарско државјанство.

Колку ќе успее оваа организирана хајка на претставниците на грчкото малцинство и новобугарските здруженија, против македонското национално малцинство, ќе зависи и од активноста на македонската дипломатија во иднина, велат од „Илинден“-Тирана.

Во Албанија и натаму ќе живеат само Македонци, а фактот што нема Бугари во Албанија може да се смени само со продолжување на праксата за купување на „Бугари“.

Друштвото апелира до сите Македонци да ги прекинат постапките за прием во бугарско државјанство, а тие што го примиле да се откажат од него.

Очигледни се манипулации на Владата во Софија која според името на државата и идентитетот на нацијата, да ги одродува Македонците кои во бугарскиот пасош ја гледаат својата иднина во европските земји.

Бугарските пратеници во Европскиот парламент тоа го исползуваа за да поентираат со официјален документ во кој се бара признавање на непостоечки “Бугари по потекло” во Албанија!

Ваквата непринципиелност на „европска“ Бугарија, која навреме беше осуетена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, претставува постапка која може да се користи и во други случаи.

Еден направен преседанво името на невистината, претставува закана за сите.

22 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This