БУГАРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОАЃА СО ПОПОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: Двајца владици на БПЦ ќе го придружуваат бугарскиот претседател Радев при посетата на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот прeтседател Румен Рaдев в петок доаѓа во официјална посета на Македонија во придружба на двајца митрополити на Бугарската православна црква – Светозагорскиот митрополит Кипријан, претседател на Синодската архиерејска комисија за преговори со Македонската православна црква и Пловдискиот митрополит Николај.

Комисијата за преговори со Македонската православна црква беше формирана веднаш откако Синодот на Бугрската православна црква одлучи да го прифати барањето да биде црква-мајка на МПЦ.

Според митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј, за оваа посета Синодот на Македонската православна црква нема официјални сознанија. Сепак, доаѓањето на двајцата митрополити го толкува како добар знак и придвижување на работите.

Засега нема официјлна потврда дали ќе има и работна средба на комисиите меѓу двете цркви, но сосема извесно е дека бугарските владици ќе се сретнат и со членови на Синодот на Македонската црква.

Веста за посетата на бугарски архиереи пред два дена, во изјава за бугарските медиуми ја најави универзитетскиот професор од Бугарија Калин Јанакиев, оценувајќи ја како значаен чекор во односите меѓу МПЦ и БПЦ.

Минатата недела и митрополитот Наум во изјава за бугарската агенција БГНЕС рече дека МПЦ испратила писмо до патријархот Неофит, во кое бара заедничко сослужување.

22 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This