БУЈАР ОСМАНИ НЕ ПРОГЛАСИ ЗА НЕСПОСОБНИ: Ако не беше САД, Македонија немаше да постигне ништо – Американците се заслужни за се!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ги прогласи Соединети Американски Држави за заслужни за сè што Република Македонија успеала да постигне како независна држава – пренесе порталот „Експрес.мк

„Речиси и да не постои некој позначаен политички или државен успех во Република Македонија што не е постигнат со искрена и несебична помош на САД“, изјави Османи на денешната средба со в.д. директорката на канцеларијата за Југоисточна и Централна Европа при Стејт департментот, Сузан Фалатко.

Како поткрепа на своето тврдење, потпретседателот на македонската Влада ги наведе независноста на државата, Рамковниот договор, Привремената спогодба со Грција, територијалната организација итн.

САД ја признаа Македонија како самостојна држава на 8 февруари 1994 година со референцата од Обединети нации, две и пол години по македонскиот референдум за независност, а дипломатските односи беа воспоставени на 13 септември 1995 година.

На 5 ноември 2004 година, пак, САД ја признаа Македонија под уставното име, два дена пред неуспешниот референдум за Законот за територијална поделба.

САД директно учествуваа и во потпишувањето на Охридски рамковен договор на 13 август 2001 година преку своите претставници Питер Фејт и Џејмс Пердју, како и во склучувањето на Привремената спогодба меѓу Македонија и Грција од 13 септември 1995 година, преку нејзиниот „архитект“ Сајрус Венс, специјален пратеник на генералниот секретар на ОН, а не помалку заслужен за неа беше американскиот „дипломатски булдожер“ Ричард Холбрук.

 

Извор
Експрес.мк

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This